ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претставата „Никогаш Северна“ заврши како трагикомедија со „салто мортале“

Главните артисти од претставата „Никогаш Северна“, кои невешто глумеа патриоти осудувајќи го потпишувањето на Договорот од Преспа, кои го бојкотираа референдумот што самите го бараа, кои скандираа „Никогаш Северна“ за време и по претседателските избори, си гласаа ко попчиња за Северна Македонија во НАТО. Притоа, единствено Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ не аплаудираше, бидејќи беше зафатен за да си ги придржува панталоните од страв да не му паднат, за да не види народот што тече низ нив

February 12, 2020 14:45
in ФРОНТ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

На 29 јануари 2020 година објавив колумна со наслов „Ќе го брани ли ВМРО-ДПМНЕ Договорот од Преспа како што ја бранеше Привремената спогодба?“

На 11 февруари 2020 година речиси сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ практично го поддржаа Договорот од Преспа гласајќи за Законот за ратификација на Северноатланскиот договор, неопходен чекор за нашето членство во НАТО. Да бидам искрен, кога го поставив прашањето „Колку време сега ќе им треба на квазипатриотите да еволуираат?“, воопшто не очекував дека ќе им требаат помалку од две седмици за да направат вакво „салто мортале“.

Но, ете, и тоа се случи. Со свои очи го видовме чекорот напред кон Северна Македонија во НАТО, наместо ветуваниот „чекор назад“. Главните артисти од претставата „Никогаш Северна“, кои невешто глумеа патриоти осудувајќи го потпишувањето на Договорот од Преспа, кои го бојкотираа референдумот што самите го бараа, кои скандираа „Никогаш Северна“ за време и по претседателските избори, си гласаа ко попчиња за Северна Македонија во НАТО. Притоа, единствено Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ не аплаудираше, бидејќи беше зафатен за да си ги придржува панталоните од страв да не му паднат, за да не види народот што тече низ нив.

На 29 јануари 2020 прашав: Е, сега, дали вистинските верници во „Никогаш Северна“ ќе се свртат против квазипатриотите кои земаат високи хонорари за да ја претставуваат Северна Македонија?
Сега логично е да се праша: Дали вистинските верници во „Никогаш Северна“ ќе се свртат против квазипатриотите, кои гласаа за Северна Македонија во НАТО, а глумеа дека биле против Преспанскиот договор, и се уште глумат дека ќе го укинувале или ревидирале Договорот од Преспа?

И, како што гледам, прв против квазипатриотите се сврти довчерашниот нивен најголем поддржувач, „рамноземјашот“ Миленко Неделковски. Сите што гласале за Законот за ратификација на Северноатланскиот договор Миленко ги нарече „сто-и-нешто изроди и непочитувачи на народот“. Познатиот провокатор и хејтер објави и семејна фотографија со неговите омилени гости Антонио Милошоски и Влатко Ѓорчев, не штедејќи ги дури ни нивните деца, нарекувајќи ги „идните НАТО војничиња“. Во неговата анти-НАТО хистерија, довчерашниот пулен на Груевски постави и прашање „Дали да очекувам ферман од болниот од Пешта“? Еден негов фан му напишал: „Кога беше премиер не беше болен. Рани куче да те лае.“ А Миленко, кој држеше 5-6 часовни емисии со „болниот од Пешта“, „патриотски“ му одговара: „Кога не беше избеган кукавички“.

Ете, тоа е тажниот исход од трагикомедијата „Никогаш Северна“ која заврши со салто мортале, со гласање на ВМРО-ДПМНЕ за Северна Македонија во НАТО. Довчерашните квазипатриоти од ВМРО-ДПМНЕ кои се служеа со „патриотски говор на омраза“ против поддржувачите на Договорот од Преспа, денес се прогласени за „изроди“ од други лажни патриоти од кампот „Никогаш Северна“.

Што ќе се случи сега со поддржувачите на Мицкоски кои му скандираа на партиски митинг „Никогаш Северна“? Дали и тие ќе си ги придржуваат панталоните од страв како нивниот партиски лидер, или пак ќе го следат „рамноземјашот“ Миленко во осудата на „изродите“ кои гласаа за Северна Македонија во НАТО.

Ко што вели народната поговорка, „Да сме живи, да видиме“.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Пропагандист на Кремљ става знак на равенство меѓу Европската Унија и нацистите на Хитлер

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk