ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Потпишан нов Договор за соработка во одбраната со Обединетото Кралство

Шекеринска и Волис се согласиле дека овој договор ќе овозможи уште поблиска и посеопфатна соработка помеѓу две пријателски и сојузнички земји и армии.

February 13, 2020 09:49
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по вчерашната сесија на Северноатлантскиот совет,  на одвоена средба со министерот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Волис потпишаа нов Договор за соработка во одбраната.

Како што денеска соопштија од МО, овој договор помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, ќе го замени постојниот Договор за билатерална соработка од 2007 година.

Шекеринска и Волис се согласиле дека овој договор ќе овозможи уште поблиска и посеопфатна соработка помеѓу две пријателски и сојузнички земји и армии.

– Исклучително го цениме фактот што сте посветени и помагате во трансформацијата на нашата Армија. Со новиот Договор за одбранбена соработка нашата одбранбена соработка ќе прерасне во соработка на две сојузнички земји, рекла министерката Шекеринска на средбата.

Министерот Волис изразил задоволство што процесот до полноправно членство на нашата земја во НАТО е во самиот финиш и посочил дека Обединетото Кралство интензивно го поддржува развојот и реформите во одбраната и Армијата.

Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат исклучително интензивна соработка во областа на одбраната особено во доменот на одбранбената политика, мировните операции, обуките и вежбите, а во последните неколку години и во делот на советодавната помош во развојот и реформите на одбранбениот сектор, имплементацијата на Стратегискиот одбранбен преглед и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, како единица декларирана во рамки на Алијансата. Од 2017 година, Велика Британија има упатено неколку советници за одбранбени прашања во Министерството, а во моментов бригадниот генерал Хју Лојд Џонс дава експертска поддршка на процесот на трансформација на Армијата и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група.

Next Post

Утре се очекуваат врнежи од дожд, за викенд стабилно и суво време

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk