ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шпански инвеститори ги разгледуваат можностите за вложување во обновливи извори за енергија

Како што информираат од РКЕ, пренесувајќи го интересот на потенцијалните шпански инвеститори кои ја разгледуваат земјава како дестинација за инвестирање во обновливи извори за енергија, Морено изрази интерес за процедурата за инвестиции во енергетски проекти од обновливи извори. Претседателот Бислимоски, пак, потенцираше дека РКЕ е отворена за соработка да помогне со соодветни информации за самата постапка

February 13, 2020 10:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Можностите за инвестирање во енергетскиот сектор беа главна тема на дискусија на денешниот состанок на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски со директорката на регионалната канцеларија за економски прашања на Шпанија, Ева Поведано Морено, што беше инициран од директорката Морено, а на кој присуствуваа и членовите на РКЕ.

Како што информираат од РКЕ, пренесувајќи го интересот на потенцијалните шпански инвеститори кои ја разгледуваат земјава како дестинација за инвестирање во обновливи извори за енергија, Морено изрази интерес за процедурата за инвестиции во енергетски проекти од обновливи извори. Претседателот Бислимоски, пак, потенцираше дека РКЕ е отворена за соработка да помогне со соодветни информации за самата постапка.

-Инвеститорите се добредојдени, но она што радува е зголемениот интерес за вложување во зелена енергија. Инвестициите во фотоволтаичните електроцентрали се реализираат по новиот модел на премиум тарифа. Станува збор за концепт кој се покажа успешен во поттикнување на инвестициите во овој сегмент, истакна Бислимоски.

Појасни дека во однос на процедурата за инвестиции, во рамките на своите надлежности РКЕ, по поднесени барања носи решенија за стекнување на привремен статус на повластен производител кој користи повластена тарифа за ветерни електроцентрали, биогасни електроцентрали и централи од биомаса. Исто така, пропишува рок во кој енергетскиот капацитет треба да биде пуштен во употреба. Доколку има пролонгирање на изградбата на енергетскиот капацитет РКЕ може да ја продолжи важноста на решението за стекнување на привремен статус на повластен производител. Паралелно РКЕ резервира капацитет согласно привремениот статус за повластен производител и води грижа да бидат согласно одлуката за вкупна инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија и тоа: 160 мегавати за ветерни електроцентрали, 10 мегавати за термоелектроцентрали на биомаса и 20мегавати за термо електро централи на биогас, вкупната инсталирана моќност на фотонапонски електроцентрали за која се доделуваат премии за произведена и продадена електрична енергија изнесуваат 200 мегавати.

Во моментов има 200 повластени производители, а вкупниот инсталиран капацитет изнесува 142,7 мегавати од кои 81,6 мегавати се на 93 мали хидроцентрали, 16,7 мегавати се од 102 фотонапонски електроцентрали, една ветерна електроцентрала има инсталиран капацитет од 36,8 мегавати, три термоелектроцентрали на биогас се со инсталиран капацитет од 6,9 мегавати, а 0,6 мегавати има една термоелектроцентрала на биомаса.

Во тек на градба се вкупно 34 електроцентрали кои се стекнале со привремен статус на повластен производител и тоа 27 мали хидроцентрали (32,8 мегавати), три ветерни електроцентрали и втора фаза од веќе изградена ветерна електроцентрала (113,2 мегавати) и четири термоелектроцентрали на биомаса (2,95 мегавати).

Next Post

Град со 10.000 луѓе во Виетнам ставен во карантин

EVN

НАЈНОВО

Белата куќа објави порака од Трамп – Нема договор со Иран освен безусловно да се предаде

March 6, 2026
Фото ССМ

ССМ најави протест на 14 март: „Колку ќе дојдете, толку и ќе добиеме“

March 6, 2026
Илистрација Фронтлајн

Војната со Иран ја чини Америка речиси милијарда долари дневно – колку долго може да трае оваа стратегија?

March 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

    ЕУ подготвува нови правила за проширување за да спречи „Унгарија 2.0″?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Работниците не можат да преживеат а Христијан им вели не одите на одмор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец пукал во домот и се заканувал со пиштол на сопругата и ќерките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk