Зоран Заев ја повикува министерката Мизрахи да не ги чува во фиока измените на Законот за материјално обезбедување на стечајците и да даде позитивно мислење:
„Владата предводена од СДСМ материјално обезбеди 12.000 стечајни работници за 2 и пол години, со што покажавме дека вистински се грижиме за најранливите.
Ја повикувам министерката Мизрахи, да даде позитивно мислење за измените на Законот за материјално обезбедување на стечајци, за да се реши овој горлив проблем на нашите сограѓани.“, напиша Заев
Со овој закон се уредуваат условите за стекнување и начинот на користење на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, на невработените лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок (во натамошниот текст: невработено лице), во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, во периодот од 1 јануари 1993 година, заклучно со 30 јуни 2019 година.
Невработено лице во смисла на членот 1 од овој закон е лицето:
– кое било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци,
– на кое работниот однос му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни 2019 година, во претпријатие со доминантна сопственост на државата или на кое работниот однос му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, по приватизација на претпријатието, под услов истиот да бил заснован додека претпријатието било со доминантна сопственост на државата и при приватизацијата да не дошло до промена на единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС), а доколку дошло до промена на единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС), претпријатието да произлегло од претпријатието со доминантна сопственост на државата врз основ на статусна промена, согласно со закон,
– кое на денот на поднесување на барањето од членот 6 став 1 од овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж),
– кое остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и
– кое од 30 јуни 2019 година до денот на влегувањето во сила на овој закон, не било во работен однос.