Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА
Еј, EXIT, Фестивалот основан од студенти како манифестација на борбата притив авторитарното владеење и угнетување на слободарскиот дух, илити против сѐ што ДПМНЕ го претставува со своето владеење.
Фестивалот чија главна компонента сите овие две и пол децении постоење е општествена одговорност, одржување и промовирање демократски вредности и слободарство, е баш организаторите на тој фестивал се з’гнаа да соработуваат со Орце, олицетворението на дпмневската тесноградост, предрасуди и нетолеранција.
Баш EXIT, што после 25 години во Нови Сад, рекоа „Не можеме веќе во земјава со диктатор кој им гази на врат и ги ништи перспективите на сите млади,“ ќе се сели во земја на чие чело е негова имитација (во обид).
Можен spin-off за 5-6 години си го претставија ко the real deal веднаш. Па и под услов Орце ако бил (смајли)
Дечки, ако вие не сте имале интерес да одите на квалитетен фестивал, има такви во ова поднебје што и тоа како и биле, и знаат. Е, нив нема да им ги мачкате очите.
Вратете си се на испумпување општински пари за разно-разни јад(ов)и и немојте ко жабата да кревате и вие нога за потковување.
Ајт!
Текстот е личен став на Авторката







