ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Контраспин: Техничката влада не е арена за предизборна кампања

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја забораваат суштината на постоењето на техничката влада и ја претворија (по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ), во арена за мерење на суетите и мускулите. Поради тоа, наместо контролен механизам преку институции кои ќе функционираат со цел фер и праведни избори, техничката влада се претвори во објект и субјект за пласирање на спинови во јавноста со предизборни цели, пренесува Вистиномер.

February 14, 2020 12:27
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја забораваат суштината на постоењето на техничката влада и ја претворија (по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ), во арена за мерење на суетите и мускулите. Поради тоа, наместо контролен механизам преку институции кои ќе функционираат со цел фер и праведни избори, техничката влада се претвори во објект и субјект за пласирање на спинови во јавноста со предизборни цели, пренесува Вистиномер.

Околу прашањето на однесувањето на министерката Рашела Мизрахи во бројните изјави на политичарите може да се сретнат и следниве во кои може да се детектира недоследност, т.е спин:

Спин: Нема нешто во државата поважно од тоа да се почитува Уставот и законите. Јас можам да правам компромис и да разговарам за политички теми и за нив да бараме решение, ама да барам компромис за почитување на Устав и на закон и посебно на министер кој даде свечена изјава пред Собранието дека ќе го почитува Уставот, тоа нема да се случи. Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат кој ги почитува Уставот и законите. На пример, еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам, рече Оливер Спасовски.

Спин: Свесни се дека губат, ја разбирам нивната нервоза, знаат дека следи одговорност по 12 април. Нема потреба од ваква нервоза…. Апелирам до Спасовски да се воздржи од какви било политички маневри и слугувања на политиките на СДСМ, да го гледа државниот интерес и свесно да не ја тера државата во едно тешко политичко сценарио. Не е добро, ниту за државата, вака по пат на насилство да се туркаат работите. Политички договор постои и тој треба да се почитува. Имаме 60 дена до денот на гласање, колку толку барем да имаме елементарни услови за пристоен изборен ден на 12 април, рече Христијан Мицкоски.

Контраспин:

„Патриотското“ однесувањето и изјавите на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи околу таблата во МТСП со името Република Македонија, предизвикаа серија изјави и чекори од двете најголеми политичкии партии. Техничкиот премиер Оливер Спасовски по барањето на министерот Никола Димитров, да ја врати таблата со новото уставно име, поднесе предлог за разрешување на Мизрахи од функцијата. Мизрахи повторува дека не згрешила ништо, а лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели победувале (ВМРО-ДПМНЕ), па затоа СДСМ од страв ја разрешуваат Мизрахи.

„УТНАТА ТЕМА“

Всушност и Спасовски и Мицкоски ја „утнаа темата“, па затоа во нивните изјави може да се детектираат недоследности, полуспинови или спинови во изјавите.

На пример, неоследна изјава, но и спин е дека Спасовски не може да прави компромис со министер кој не почитувал ни Устав, ни закон, а дал свечена изјава во Собрание, зашто истиот тој Спасовски во минатото седел со министри од коалицискиот партнер ДУИ, кои не почитувале Устав и закон и изјаувале дека за нивната функција и за квалитетот на нивната работа не одлучува Зоран Заев, туку лидерот на ДУИ Али Ахмети. Што е тоа ако не е компромис со колеги министри во иста влада, а да не зборуваме за компромисите што мораше да ги направи целата влада, вклучувајќи го и Спасовски, за да се промени Уставот и законите, за да се имплементира Преспанскиот договор, за да се усвои и законот за јазици, итн…

Мицкоски, пак, од друга страна, спинува дека го гледа државниот интерес, дека „тој е најважен“ и дека не било убаво за државата, „вака по пат на насилство да се терале работите“.

Доколку Мицкоски беше загрижен за државата и за претстојната операција наречена избори, која секако ќе биде од екстремна важност за брзината на тековниот евро-интеграциски процес, „ќе ја спастреше“ министерката Мизрахи да не прави инциденти од „патриотски“ тип, да дава изјави пред старата табла во МТСП со името Република Македонија. Дали имало табла или не е помалку важно, дали таа разбира дека има нова реалност е помалку важно, но важно е дека таа е поставена од Мицкоски и тој може да ја исконтролира доколку прави штета, а прави. Но, тој тоа не само што не го стори, туку како што констатира дел од јавноста, „ја пушта низ вода“

ТЕХНИЧКА ВЛАДА Е ТЕХНИЧКА, А НЕ Е ПАРТИСКА

Всушност, двете страни ја забораваат суштината на поостоењето на техничката влада. Таа не е партиска и од нејзе не се очекува исполнување на програма на политичка влада, туку само едноставно функционирање на институции во период од 100 дена пред избори. Техничката влада не е арена за препукување на партиски програми и позиции и не е мегдан каде треба да си ги мерат мускулите едните или другите. А, јавноста токму тоа го гледа од крајот на декември, со мал чесен исклучок последниот месец во МИОА.

Додуша, трендот го почна ВМРО-ДПМНЕ, уште со првата изјава на Чулев дека постојат индиции за криминал… Значи, техничката влада не се занимава со индиции, таа не исполнува политичка програма, туку таа е воспоставена за меѓусебна контрола на власта и опозицијата која треба да придонесе на крајот за фер изборен процес. Ова, се чини, го забораваат и двете страни, иако почесто СДСМ е де факто нападната страна, а ВМРО-ДПМНЕ е тој што напаѓа во техничката влада.

Лидерите на двте партии ова мора да го расчистат, а нивните претставници да не ѝ пласираат на јавноста спинови.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk