„Добро е да се види нервозата. Вие колега Милошоски ќе ни зборувате за прaвда? Вие имате образ? Вие се најдовте повикан да ја штитите и браните правната држава, вие кои ја уништивте, па сега ќе правите драмолетки“, истакна денеска во Собранието пратеникот на СДСМ, Коста Костадинов.
Тој го повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, да ги предаде „бомбите“ за кои тврди дека ги има во Обвинителството, бидејќи не се веќе правосудните институции како во време на ВМРО-ДПМНЕ и „Сваровски“ судството.
„Вас колега Милошоски ве слушнавме дека нарачувате лустрација. И вие ќе зборувате за правда?! Вие колега Милошоски почнувате да менувате бои како семафор, еднаш црвен, па жолт, а сега позеленувате, рече Костадинов, додавајќи дека во јавноста не треба да зборуваме за вашите разговори со Бетон Штип, со Езимит Штип, за купување на амбасадите.
„И вашата реакција во овој момент, ми го потврдува тоа. Овој закон ќе помине. Овој закон со сигурност претставува своевидна борба на правдата наспроти криминалот“, истакна Костадинов.