ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пожарот на „Дрисла“ сè уште активен, Ангелов се сомнева на подметнување

September 10, 2025 15:00
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Се уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, што избувна вчера во 15:15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов преку видео изјава од терен соопшти дека скопските пожарникари во текот на целата ноќ се обидувале да го изгаснат пожарот на депонијата Дрисла.

-Гаснењето со вода не даваше резултати, по што се пристапи со затрупување на најкритичниот дел од депонијата, каде беше најсилното горење. Бидејќи е прогласена кризна состојба на територија на цела држава поради пожарите, денес надлежноста врз депонијата Дрисла ја презема Главниот штаб за управување со кризи. Од тие причини дадовме задача денес да се почне со агресивно затрупување на дел од депонијата Дрисла, каде го имаме најголемото чадење, делот каде се одвива горењето, изјави Ангелов. Очекува до попладневните часови овој дел да биде целосно затрупан и чадењето, кое од вчера доцна попладне до денес, предизвиква силни непријатности за граѓаните да застане.

Ангелов изјави дека има индиции дека се работи за намерно подметнат пожар бидејќи во текот на летото, кога имало високи температури не дошло до самозапалување на депонијата.

– Сега, кога ноќните температури се далеку пониски во однос на јули, дојде до „самозапалување“ на оваа депонија, рече Ангелов.

– Денес Управувачкиот комитет за управување кризи и предложи на Владата да донесе одлука за забрана за движење во депонијата Вардариште. Оваа депонија ќе биде обележана и движењето низ неа ќе биде казниво. На тој начин ќе спречиме злонамерници да се движат во оваа депонија и ќе биде внимателно обезбедена и ќе спречиме нејзино намерно или ненамерно потпалување, рече Ангелов. Потсети дека од МВР се поднесени кривични пријави за три лица кои, како што рече, веќе се во затвор, лица кои управувале со диви отпади, на кои вршеле откуп на метали, кои биле добивани преку процес на согорување на кабли и дриг вид отпад на депонијата Вардариште.

Ангелов информира дека овие мерки досега се преземени од страна на Владата и други владини институции за да се избегне опасноста од предизвикување нови пожари на овие депонии и очекува тие да дадат резултати.

– Секојдневно на депонијата Вардариште од страна на специјалните возила на ДЗС се врши дотур на вода, со кој се догаснуваат испарувањата кои секојдневно упорно се повторуваат. На депонијата Дрисла и на депонијаат Вардариште има по едно возило хермелин на ДЗС, рече Ангелов, кој очекува двете депонии да бидат целосно затрупани.

Според него, по завршувањето на изборите треба градоначалникот на Град Скопје во соработка со Владата, со надлежните минстерства, со градоначалникот на општина Гази Баба, со институции, да почнат со реализација на проектот донесен пред многу години и ќе биде трајно решение. Затрупувањето, како што рече, е само привремено решение.

ЦУК информира дека пожарот на депонијата Дрисла избувна вчера во 15:15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

– Пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место, наведува ЦУК.

Tags: Дрислапожар
Next Post

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

Shortcut

Најново

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk