Веднаш по соочувањето на Антониjо Милошоски и Крсто Мукоски, пратеничката Емилија Александрова од независната група на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, побара еден час пауза за смирување на страстите меѓу пратениците.
Ова е втора пауза откако продолжи седницата за гласање на Законот за Јавното oбвинителство, а атмосферата се вжештува во секој миг.
Нова пауза во Собрание за смирување на страстите меѓу независните и пратениците на ДПМНЕ.
Вкупно 38 се пријавија за збор, а пратениците на ДПМНЕ, говорницата ја користат за упатување на обвинувања кон СДСМ и Зоран Заев.