После прекинувањето на седницата од страна на Претседателот на Собранието Талат Џафери, со реакција се јави и пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири:
„Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ.
ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови.
СРАМОТА!!!“
„Ова личи на сценариото добро подготвен од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога го спаси неговиот побратим Трајко Вељановски. Сега самата јавност нека цени што се случува. Имавме можност да работиме до исцрпување на дебатата и да гласаме. Од ова што го прави Талат Џафери испадна дека ДУИ е противник на Законот за Јавно Обвинителство заедно со ВМРО-ДПМНЕ, затоа што нивни лиѓе се засегнати од овој закон и треба да излезат пред правдата за да одговарат за тоа што го правиле додека биле заедно изминативе 11 години.“ вели Зекири во видео пораката.
А. Зеќири