По повторено гласање, со 80 гласови „за“ Собранието го донесе Законот за јавно обвинителство. Шестмина беа против, а немаше воздржани.
Имено, на првото гласање, 74 пратеници гласаа „за“, а 32 пратеници гласаа против законот за јавно обвинителство, по што собранискиот спикер Талат Џафери го поништи гласањето, бидејќи како што рече, не видел дека пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори. Се бунеа пратениците од ВМРО ДПМНЕ, но Џафери го поништи и ѝ дозволи процедурално на Поповска да се обрати, веднаш по неа говореше и пратеникот Ферид Мухиќ.
По изгласувањето на законот, на говорницата излезе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и почна да вика „криминалци, криминалци“. Рече дека требало да биде прифатено првото гласање. Џафери му порача дека Законот е донесен и даде пауза од еден час.
Б. Богдановска