Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција вчера во 12.30 часот на улицата „Кузман Шапкарев“ во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски таблички управувано од 16–годишен малолетник од селото Рашче.
При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол „Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми. Лицето е лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.