ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски и Столтенберг во Брисел: Членството во НАТО, резултат на исполнети критериуми и стандарди

Генералниот секретар Јен Столтенберг ја честиташе ратификацијата на Северноатлантскиот договор во Собранието на Република Северна Македонија, и нагласи дека во НАТО се подготвуваат за церемонијата за прием на земјата во алијансата со што ќе се заокружи процесот како резултат на исполнетите критериуми и стандарди на Северна Македонија за членка на Северноатлантскиот сојуз кои понатаму само ќе се унапредуваат.

February 18, 2020 19:33
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, во рамките на дводевната посета на Брисел, денеска оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. На оваа средба Столтенберг, на гостите им ги покажа местата каде што се планира да бидат поставени обележјата, знамето и плочката со името на Република Северна Македонија, на свечената церемонија за прием во полноправно членство во алијансата, информираат од прес центарот на Владата.

Премиерот Спасовски на средбата, на која присуствуваше и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, како што се вели во соопштението на Владата, се заблагодари за средбата и за поддршката што НАТО, нејзините земји членки, и посебно генералниот секретар Столтенберг ја даваа за цело време во периодот на пристапувањето на Северна Македонија во членство во северно-атлантскиот сојуз.

Спасовски на средбата потенцираше дека земјата е во постојано имплементирање на реформите и дека во таа насока е и усвојувањето на Законот за јавно обвинителство во Собранието, со што се создадени сите предуслови за борба против организираниот криминал и високата корупција, како стратешка определба за владеење на правото.

– Северна Македонија останува на ставот за целосно исполнување на обврските од договорите со Грција и Бугарија и во одржувањето и унапредувањето на добрососедските односи, како и на поддршката на соседните земји кои имаат исти цели како и нашата земја – членство во НАТО и ЕУ”, информираат од Владата.

Премиерот Спасовски, на оваа средба исто така наведе дека Северна Македонија ги усвои Законот за одбрана и Законот за служба во армијата со што се комплетирани обврските на нашата земја за исполнување на обврските што произлегуваат од нашето членство во НАТО.

Тој уште дополни дека граѓаните на Северна Македонија наскоро ќе дочекаат и добра вест од институциите на ЕУ за почеток на преговорите за членство во унијата.

Генералниот секретар Јен Столтенберг ја честиташе ратификацијата на Северноатлантскиот договор во Собранието на Република Северна Македонија, и нагласи дека во НАТО се подготвуваат за церемонијата за прием на земјата во алијансата со што ќе се заокружи процесот како резултат на исполнетите критериуми и стандарди на Северна Македонија за членка на Северноатлантскиот сојуз кои понатаму само ќе се унапредуваат.

Next Post

Полицијата трага по мајка и 14- годишен син од Скопје

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk