ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала: Маршот за правда покажа дека веќе партијата, судството, Парламентот и државата не се едно исто

Јас на маршот за правда бев поканет како претставник на граѓанското општество. Откако размисливме јас и моите соработнички и соработници дали и како треба да се вклучам, имаше разлики во мислењата, јас на крајот пресеков и реков, ќе одам таму како граѓанин и како активист за човекови права веќе 30 години.

February 19, 2020 22:56
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јас на маршот за правда бев поканет како претставник на граѓанското општество. Откако размисливме јас и моите соработнички и соработници дали и како треба да се вклучам, имаше разлики во мислењата, јас на крајот пресеков и реков – ќе одам таму како граѓанин и како активист за човекови права веќе 30 години. Сметам дека тоа беше добра можност за претставник на граѓанките и граѓаните, еден од нив, по сите премрежја, да се искаже ставот и притоа да се искаже и критиката. Јас ја видов таа можност да го кажам својот став за оние кои во минатото ја уништуваа правдата и ја разградуваа државата, рече Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ во емисијата 24 Анализа на ТВ24.

„Јас тој марш го видов како покана за секој што е засегнат и бара правда. Но јас видов и дека навистина постои поделба на власта, имаме судска власт која е третирана како независна, имаме граѓански организации, политички партии… Имаме Парламент кој во последен момент донесе закон со 2/3 мнозинство што е многу важно и за одбележување и светот тоа го гледа како максимално добар сигнал, дека ние во оваа земја можеме да се согласиме околу битни прашања, без оглед на политичките, етничките и другите разлики. А со тоа сметам дека се дава до знаење дека во оваа држава веќе партијата, судството Парламентот и државата не се едно исто и дека навистина има поделба на власта“, рече Дерала.

Тоа што е многу важно и за кое сакам да потсетам, рече Дерала, е дека ние веќе две ипол години не се плашиме за нашиот живот.

„Гласачите во три претходни изборни циклуси можеа да излезат слободно да гласаат. Немаше инструментализација на полицијата, немаше инструментализација на државниот систем… Влеговме во НАТО, се приближуваме до ЕУ, граѓанките и граѓаните созреаја во последните години од режимот и во овие две и пол години. Големите проблеми се тука сѐ уште, се разбира, но би сакал да видиме дека има една голема разлика, бидејќи се ближиме кон изборите. Овие избори се важни за нашата земја поради тоа што се парламентарни избори со услови во кои граѓаните можат слободно да гласаат без некој да ги обликува нивните животи и мисли, да гласаат под притисок или страв, а доколку тоа се случи, тие можат сега слободно да се обратат и пријават кај нас, но и кај релевантни институции.

С.М.Ж./ И.Т.З.

Next Post

Димковски до Трипуновски: Тутунот ќе биде во целост откупен, човек со кривична пријава за злоупотреба на службена должност ќе зборува за криминал?

НАЈНОВО

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

Орце за откажувањето на дебатата со Амар:Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

October 30, 2025
Фото: Фејсбук профил на Билјана Ивановска

Билјана Ивановска ги демантира манипулациите дека дава поддршка за ЗНАМ: „Не повикувам гласачи и не правам пазар со партии“

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk