ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Словенечки медиуми укажуваат на сомнително финансирање на медиуми за да работат против интересите на државата

Праксата на корумпирање на медиумите беше одлика на 11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски. Но, таа одлика и како опозиција ја продолжува сега извршителот Мицкоски во спрега со неговиот шеф од Будимпешта. Последното новинарско истражување на словенечки медиум, откри дека сума од два и пол милиони евра од Унгарија завршиле во медиуми познати по ширењето на лажни вести и конструкции. Тоа се истите медиуми кои шефот на Мицкоски, Груевски со години ги финансираше со државни пари

February 19, 2020 15:44
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес-конференција вели дека корумпирањето на медиумите беше одлика на режимското владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Кузеска го посочува последното новинарско истражување на словенечките медиуми кои откриле сума од 2.5 милиони евра пари кои од Унгарија преку Словенија завршиле во 5 медиуми од Македонија кои се познати по ширење на лажни вести и конструкции. Тоа се истите медиуми кои шефот на Мицкоски – Груевски, со години ги финансираше со државни пари, вели Кузеска.

„Праксата на корумпирање на медиумите беше одлика на 11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски.

Но, таа одлика и како опозиција ја продолжува сега извршителот Мицкоски во спрега со неговиот шеф од Будимпешта.

Последното новинарско истражување на словенечки медиум, откри дека сума од два и пол милиони евра од Унгарија завршиле во медиуми познати по ширењето на лажни вести и конструкции.

Тоа се истите медиуми кои шефот на Мицкоски, Груевски со години ги финансираше со државни пари. Со црни пари Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ финансираат медиуми коишто се контра успехот на државата и против интересите на граѓаните.

Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат да го штитат криминалот на Никола Груевски, азилантот кој се крие од правдата во Будимпешта, центарот од кадешто излегуваат црните пари за самопрогласените опозициски медиуми, односно ширачи на лаги и дезинформации.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува црна медиумска кампања против државата, со цел да се врати на власт и да го амнестира Никола Груевски и сите други партиски криминалци.

Сега е јасно како Центарот за лаги и манипулации на опозицијата, продуцира толку лажни случаи против Владата, ги пласира во медиумите под нивна контрола, а потоа ги прераскажува од белиот дворец.Ним очигледно им помагаат надворешни анти- државни фактори, коишто со корумпирање на медиумите, ја загрозуваат демократијата и европската иднина на државата.

СДСМ е посветена на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борба против лажните вести и измислици и сомнителното финансирање медиуми.

Затоа, бараме надлежните институции по допрен глас да постапат по објавените информации и да го испитаат начинот на финансирање на одредени медиуми.

Република Северна Македонија е правна држава во којашто законите важат за сите подеднакво.“, истакна портпаролктата на СДСМ Богданка Кузеска во пресот.

Next Post

Сомнителните повици на мобилен потекнувале од Литванија, Естонија и „Глобал Стар“

Shortcut

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk