пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Оската Бела палата на ДПМНЕ – Јанша – Груевски, преку Орбан и Путин, продолжува со дејствување во насока на нанесување на штета и дестабилизација на демократските текови во Македонија. Но, најверојатно не е се во парите иако на претек ги имаат, некако сè потешко им оди – пукаат со ќорци.
Непосредно по пуштањето на петардата од страна на Милошоски, која буквално во раце им се запали на вмровците, одма после тоа се јави со поддршка на Твитер, радикалниот словенечки политичар и бивш затвореник Јанез Јанша.
#RuleOfLaw in a socialist ruled #Macedonia:
“It is agreed cases to drop. Katica knows. Supreme Court will make a decision, they can’t do anything without Zaev” https://t.co/MV4zitZtnQ— Janez Janša (@JJansaSDS) February 23, 2020
Да се потсетиме, Јанша, заедно со двајца негови соработници за примање на мито во 2013 година од словенечките судови е осуден на затворска казна од 22 месеци и глоба од 37.000 евра.
Јанез Јанша е инволвиран и во најновите црни финансирања на медиуми во Словенија и во Македонија, кое одело преку Словенија, Унгарија и Русија. Неодамна Словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за тој случај.
Како што објави Телевизија Словенија, се работи за медиуми за кои се сметаат за блиски на Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, која имала блиска соработка со Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, а потеклото на парите се претпоставува дека е од Русија.
Парите од Русија преку Орбан, како што пишуваше словенечкиот портал, „легнале” на сметка на словенечка компанија, па од таму еден и пол милиони евра биле искористени за финансирање на медиуми блиски до Јанез Јанша, а два и пол милиони евра биле дадени за четири медиуми во Македонија. Според графиконот на порталот парите во земјава ги добиле Курир, Нетпрес, Алфа и Лидер.
Внимавајте, 2.5 милиони евра руски пари легнале во Алфа ТВ и три портали блиски до ДПМНЕ, како што тврдат од словенечкиот портал.
После денешната реакција од Јанез Јанша, останува уште да се јави бегалецот Груевски од Будимпешта и сликата да биде комплетна, а во меѓувреме твитот од Јанша ќе го пренесат сите про ДПМНЕ портали и телевизии, и ќе го спинуваат како поддршка од запад, а не како поддршка од криминалец која се купува со црни руски пари.
Но, не им поминува.
Во моменти кога влегуваме во НАТО, кога се поизвесно е дека ќе добиеме зелено светло од ЕУ уште оваа пролет, кога со двотретинско мнозинство се донесе Законот за ЈО, повеќе ни Ла веритаси, ни петарди, ни Орбан, ни грујојавленијата, ни мицковите жалопојки, ни тешки милиони евра црни пари фрлени во грујовите медиуми не им помагаат и не им поминуваат конструкциите никаде повеќе
Издишаа, како скинати балони.
Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.