коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Ден по контрапротестот на ВМРО-ДПМНЕ, се сведуваат математиките. Контрапротестот, уште пред да започне, падна во длабока сенка на Корона вирусот, па луѓето повеќе се занимаваа со реалните проблеми, со фактите и, се разбира, лажните вести и паниката од вирусот. Но, настанот во кој партијата со осум милионски долг во евра, вложи напори да не помине сосема незабележано. Тоа не им успеа. Веќе никој не зборува за криковите на Мицкоски од партиската говорница.
Социјалните мрежи, како и секогаш се фронтот каде што првата жртва се секогаш фактите, а пропагандата и говорот на омразата се главните оружја на армиите од партиски ботови. На почетокот на протестот, како што забележаа камерите, банерот на кој беше главната порака „Заев е виновен“ беше наопаку. Тој баксуз на организаторите ја запечати судбината на контрапротестот.
Откако открија дека со банерот нешто не чини, го в-теа, го в-теа, со помош на „новинарите“ на Инфомакс па го наместија и тргнаа од пред Јавното обвинителство. Општа смеа завладеа по социјалните мрежи, а најкоментиран дел од настанот на ВМРО-ДПНЕ беше нивниот банер и нивната писменост, за време и по настанот, како и на маргините од интересот ден потоа.
Контрапротестот го организираа и водеа познатите ликови, најголем дел од нив со обвиненија и истраги за тешки криминали. Изгледа дека ВМРО-ДПМНЕ е светски рекордер според бројот на судски предмети отворени против нејзините челници. Останатите аспекти на прошетката на партијата на Груевски, не се ни оддалеку рекордни.
Што се однесува до војната со математиките и пораките, видовме уште еден настан типичен за партијата на Груевски. Три прста, национализам, Вергини, Заев-Заев-па-Заев во долгиот и здодевен говор на Мицкоски, мрачна атмосфера, посетеност, според проценките, помала од онаа на СДСМ…
Се разбира, ништо ни од повикот на Мицкоски до сите заедници. Имавме уште еден националистички, типично вмровски настан. Што се гледа и од извонредно засилениот говор на омраза на социјалните мрежи.