ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Смаиловиќ: Вклучете ги децата во случувањата, да сфатат дека убавината е во различностите

„Понекогаш сум се обидувала да го сфатам мејнстримот на тие луѓе (нетолерантните), зошто имаат потреба да го прават тоа и мислам дека тука е стравот, стравот дека не се познаваме доволно, страв дека нешто сакаме да смениме, нешто на што луѓето навикнале да живеат, по некој терк, и сега „доаѓаме ние“ и сакаме тоа нешто да го смениме. Дали е тоа јазикот, културата и сите тие обележја на еден народ. А всушност, не сфаќаат дека ако сите сме различни, само ќе го унапредиме општеството и живеењето“, вели Смаиловиќ.

February 26, 2020 20:02
in МОЗАИК, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Најдобар начин да се бориме против сите предрасуси е да бидеме дел  од сите случувања, или да бидеме во контакт со сите различности кои нè опкружуваат. Јас и моите деца одиме на сите настани коишто се случуваат. Ако сакам да ги подучам моите деца дека во нашето опкружување има дечиња коишто имаат посебни образовни или други потреби, ние одиме и волонтираме во такви здруженија, одиме на такви настани, за да видат дека всушност, тие дечиња се исти како нив, како сите останати. Дури и ми е незгодно да кажувам, тие, ние, деца…, вели активистката Мерсиха Смаиловиќ во интервју за Frontline.mk.

„Понекогаш сум се обидувала да го сфатам мејнстримот на тие луѓе (нетолерантните), зошто имаат потреба да го прават тоа и мислам дека тука е стравот, стравот дека не се познаваме доволно, страв дека нешто сакаме да смениме, нешто на што луѓето навикнале да живеат, по некој терк, и сега „доаѓаме ние“ и сакаме тоа нешто да го смениме. Дали е тоа јазикот, културата и сите тие обележја на еден народ. А всушност, не сфаќаат дека ако сите сме различни, само ќе го унапредиме општеството и живеењето“, вели Смаиловиќ.

Кои се најефикасни механизми за надминување на разликите кои ќе ги подучат најмладите да не дискриминираат и да сфатат дека мултукултурализмот е убавината на постоењето?

„Механизмите потекнуваат од домашното воспитание, од нормите, од образованието, од се она со коешто едно дете опколено во текот на денот. Опколено е со семејството, со образование, училиште и со други активносто. Најдобар начин да се бориме против сите предрасуси е да бидеме дел  од сите случувања, или да бидеме во контакт со сите различности кои нè опкружуваат. Јас и моите деца одиме на сите настани коишто се случуваат.

Ако сакам да ги подучам дека во нашето опкружување има деца коишто имаат посебни образовни или други потреби, ние одиме и волонтираме во такви здруженија, одиме на такви настани, за да видат дека всушност, тие дечиња се исти како нив, како сите останати. Дури и ми е незгодно да кажувам, тие, ние, деца….

Секој од нас има некакви други, различни потреби и ги учам моите деца да ги запознаваат сите разноликости на етнична, верска, било која основа и мислам дека најдобар механизам е родителите директно да комуницираат со децата и да ги водат на места каде можат да ги запознаат различните од нив, по секоја основа…..Ние не разговараме за „различности“, го прифаќаме секој онаков каков што е, најприродно….“, вели Смаиловиќ.

Зошто сме нетолерантни, се плашиме од различното или пак ако навредиме некого, се чувствуваме супериорно?

Интересно прашање. Многу фрустрира кога ќе видете некое однесување на нетолеранција, тоа чувство на супериорност, или пак чувство на немоќ, кога некој некого направил да се чувствува инфериорно. Тоа ве тера да се чувствувате нешто да направите и навистина е непријатно тоа чувство, и мислам дека никој во животот не избегнал да доживее чувство на инфериорност.

Посебно сега со миграциите. Нели постојано патуваме во земјите од Западна Европа и гледаме кога слетува авион од Македонија на граничната или на пасошката контрол. И многу ми е жал што го забораваме тој момент и повторно имаме чувство да сакаме да омаловажиме…..

И навистина боли фактот кога некој ќе ви каже ова „Македонија само на Македонците, ова е наша земја, одете си“….Кога ќе ви каже некој „одете си“, а тоа сум го доживеала, посебно на социјалните медиуми, од луѓе со име и презиме, луѓе од јавниот свет, ќе ви кажат, ако не ви се допаѓа „одете си“…Тој  збор на нетолеранција само затоа што имате различно размислување кон некоја ситуација, дека вие треба да ја напуштите земјата којашто всушност е и ваша, чувството дека на вас ви припаѓа само затоа што имате различно име и презиме, рече Смаиловиќ.

Ивана Т. Зафировска

камера: Атанас Петровски

монтажа: Владимир Перчуклиевски

Next Post

Министерот за здравство, Венко Филипче, со најнови информации за коронавирусот и со апел да не се шири паника

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk