Поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, утре (среда, 26 август) на подрачјето на град Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), мерките за изменет режим ќе ги спроведува Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, со цел непречено одвивање на активностите поврзани со посетата.
Од СВР Скопје упатуваат апел до сите граѓани и учесници во сообраќајот да имаат трпение и задолжително да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на терен.






