ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и премиерот Христијан Мицкоски влегоа во нова жестока политичка пресметка, разменувајќи тешки обвинувања околу начинот на кој се води државата. Дебатата се разгоре околу фразата „не сме исти“, при што опозицискиот лидер ја обвини власта за криминално владеење и негрижа за граѓаните, додека премиерот возврати дека нема намера да се споредува со луѓе што ја ограбиле Македонија.

Во интервју за телевизија Сител, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека разликата меѓу двете партии е дијаметрално спротивна.

„Не сме исти со организираната криминална група на Христијан Мицкоски. Ние сакаме напредна држава во којашто секој ја гледа иднината, а не ја гледаме државата како што тие ја гледаат – како плен“, изјави Филипче.

Тој најави дека СДСМ во септември ќе промовира „Мастер план за Македонија“ кој ќе содржи конкретни решенија за подобрување на стандардот, платите и пензиите, критикувајќи ја власта дека во време на криза не штити ниту една категорија граѓани, а планира набавка на нов владин авион.

Филипче посебно се осврна на затворањето на истрагата за модуларната болница во Тетово, нагласувајќи дека Обвинителството потврдило оти немало злоупотреба на службената должност ниту штета на Буџетот. Тој побара извинување од Мицкоски кон семејствата на загинатите, обвинувајќи го дека пет години ја користел трагедијата за политички поени и водење црна кампања. Лидерот на СДСМ ги отфрли шпекулациите за политички договор за затворање на случајот како целосно апсурдни, додавајќи дека заканите од премиерот се само одраз на „слабост и страв“.

На овие прозивки, реагираше премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за коментарот на Филипче дека „не се исти“, Мицкоски изјави дека по тоа прашање целосно се согласува со лидерот на опозицијата.

„Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам“, порача Мицкоски.

Премиерот заклучи дека граѓаните можат многу јасно да направат разлика помеѓу актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и раководството на СДСМ, кое, според него, е водено од „куклата на оние кои ја уништија државата“.

Shortcut

Најново

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk