Беше голем човек, и буквално и како лидер и како морална сила. Имаше и голема насмевка и широка прегратка, напиша министерот Никола Димитров.
Си го сакаше народот, си ја сакаше Македонија, и душата му се корнеше за нашите маки. Му должиме многу, иако тогаш тоа не сите го разбираа. Кога носеше непопуларни одлуки мислеше на идните генерации, а не на идните избори.
Денес живееме во мир и одиме напред, затоа што Претседателот Трајковски беше таму кога и’ требаше на својата земја. Слава ти!