ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

МЖСПП: Во континуитет се следи состојбата со Преспанското Езеро, следната недела координативна средба

Од Министерството истакнуваат дека со оглед на прекуграничниот карактер на управувањето со Преспанското Езеро поради неговата географска поставеност и по спроведената ратификација на трилатералниот „Договор за заштита и одржлив развој на пределот на Преспа Паркот“ од последната земја потписничка-Грција во 2019  година, со што истиот стапи на сила, Министерството се заложи да го иницира процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување номинации од страна на земјите членки: Северна Македонија, Албанија и Грција.

February 26, 2020 10:03
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со Преспанското Езеро се следи во континуитет и се преземаат активности во рамки на надлежностите, информира Министерството за животна средина и просторно палнирање, кое најавува дека следната неделаќе се одржи координативна средба на национално ниво за да се разговара за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведување на мерките на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро.

Од Министерството наведуваат дека на состанокот ќе присуствуваат претставници од научната јавност односно научниот совет формиран за спроведување на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, општината Ресен, Управата за хидрометеролошки работи, МЖСПП, граѓанските организации активни во регионот и сите засегнати страни во имплементацијата на Планот, за да разговараат за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведувањето на мерките од Планот. Целта е во најкус можен рок да се изврши иницијална експертска анализа на причините за состојбата и можните следни чекори за следење и подобро управување со водостојот на Преспанското Езеро.

Од Министерството истакнуваат дека со оглед на прекуграничниот карактер на управувањето со Преспанското Езеро поради неговата географска поставеност и по спроведената ратификација на трилатералниот „Договор за заштита и одржлив развој на пределот на Преспа Паркот“ од последната земја потписничка-Грција во 2019  година, со што истиот стапи на сила, Министерството се заложи да го иницира процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување номинации од страна на земјите членки: Северна Македонија, Албанија и Грција.

Во меѓувреме, користејќи ја веќе воспоставената меѓународна соработка на експертско ниво во рамките на проектот за овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот Дримски воден басен, Секторот за управување со водите во МЖСПП иницираше вонреден состанок на националните експерти од Дримската група за да ги разгледаат состојбите и да разменат сознанија и согледувања за начините за итно надминување на актуелните состојби со намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk