ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Разрешениот судија Владимир Панчевски правосилно осуден за мобинг

Повисокиот суд констатирал дека Стаменковски бил психички вознемируван од Панчевски кој во тоа време ја извршувал функцијата претседател на скоскиот кривичен суд. Имено, согласнмо пресудата Панчевски, своето изживување го манифестирал така што на сега оштетениот без да му врачи решение распоредување на ново работно место, а врз основа на задолжение, го присилил да работи на голем број предмети, со краток рок на извршување. Жртвата на Панчевски била јавно деградирана, исмејувана и омаловажувана, а за неа била поведена и дисциплинска постапка

February 26, 2020 14:20
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда, изречена во скопскиот „граѓански“ суд, кој претходно утврди дека разрешениот судија Владимир Панчевски вршел психички притисоци, односно мобинг врз вработениот Горан Стаменковски, пренесе Правосудство.мк.

Повисокиот суд констатирал дека Стаменковски бил психички вознемируван од Панчевски кој во тоа време ја извршувал функцијата претседател на скоскиот кривичен суд. Имено, согласнмо пресудата Панчевски, своето изживување го манифестирал така што на сега оштетениот без да му врачи решение распоредување на ново работно место, а врз основа на задолжение, го присилил да работи на голем број предмети, со краток рок на извршување. Жртвата на Панчевски била јавно деградирана, исмејувана и омаловажувана, а за неа била поведена и дисциплинска постапка. Пресијата врз Стаменковски започнала во аптрил 2016. година кога Панчевски, врз основа на фотографија којашто му била дадена од МВР, на протест на „Шарената револуција“, меѓу граѓаните кои протестирале, го препознал тужителот Стаменковски. По ова, Панчевски започнал со првичните притисоци кон Стаменковски, кому, во два наврата, му изрекол и дисциплински мерки: парична казна од 15 отсто од плата.

Панчевски не само што не дозволил слободно изразување на слободна мисла и волја, туку се замешал и во политичките определби на Стаменковски кого го деградирал за неколку скалила подолу, иако се работи за правник со положен правосуден испит.

На деградирањето во службата Стаменковски реагирал со пријава до Државниот трудов инспекторат, а кој, пак, по извршен увид во судот ги потврдил неговите тврдења.
Сега, кога е правосилно осуден за мобинг, Панчевски никогаш повеќе не ќе може никому да шефува. Инаку, за човекот за кој „Правосудство“ ексклузивно објави дека уште како малолетник обивал и крадел по станови се води судска остапка за злоупотреби со системот „Акмис“, а во тек е уште една кривична постапка за други тешки кривични дела.

Next Post

Филипче: „Прочка“ во Прилеп и „Струмички карневал“ не се откажани, но ќе бидат ако до тогаш има прв заболен од корона вирус

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk