ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Втор обид за почеток на судењето за организацијата на „27 април“

Првото рочиште за овој судски процес беше закажано за 21 февруари (минатиот петок), меѓутоа до давање воведни зборови и произнесување за вина воопшто не дојде бидејќи одбраната има неколку приговори и барања за да ги добие сите докази кои ги предлага обвинителството.

February 26, 2020 10:21
in ПРАВДА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот за организацијата на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Во предметот обвинети се пранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски, пренесе 360 степени.

Првото рочиште за овој судски процес беше закажано за 21 февруари (минатиот петок), меѓутоа до давање воведни зборови и произнесување за вина воопшто не дојде бидејќи одбраната има неколку приговори и барања за да ги добие сите докази кои ги предлага обвинителството.

Судијата Илија Троков кој е на чело на судечкиот процес, го одложи судењето и најави дека ќе ги достави доказите до адвокатите и обвинетите.

Тогаш во изјава за медиумите обвинителката Вилма Русковска оцени дека одбраната се обидува да го одолговлекува процесот, а во таа насока посочи и дека секој од обвинетите има предложено по 300 сведоци. Од друга страна, пак, адвокатот на Владимир Атанасовски, Јовица Апостолски, рече дека не е точно дека неговиот клиент има 300 сведоци туку десетина.

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски денеска во судница треба да се појават како обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Во истрагата за организаторите беа опфатени и експремиерот Никола Груевски и поранешниот разузнавач Никола Бошкоски, но затоа што тие се во бегство, како што соопштија од Обвинителство при поднесувањето на обвинението, постапката за нив ќе продолжи кога тие ќе бидат пронајдени.

Обвинението за случајот беше поднесено уште на 31 мај 2019 година, но оцената на обвинителниот акт постојано се одложуваше бидејќи беа изземени осум од девет судии во Одделението за организиран криминал затоа што по разни основи биле поврзани, односно учествувале во останатите предмети што се водеа пред судот за настаните од „крвавиот четврток“.

Според истрага на обвинителството, осомничените го подготвиле и го реализирале планот за 27 април 2017 година со цел да спречат мирно примопредавање на власта по парламентарните избори во декември 2016 година.

„За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето ‘За заедничка Македонија’, што кулминираа со насилното влегување во Собранието. Обвинетите, како организатори, ги вклучиле севкупната партиска структура и материјалните средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, велат од ОЈО.

Во седиште на ВМРО-ДПМНЕ двајца од обвинетите, според наодите на обвинителството, континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

„Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност (Никола Бошкоски), со возило во сопственост на Управата за безбедност и контраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот „Жена борец“ донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг-собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери“, велат од Обвинителство.

Извор: 360 степени

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Потрошувачите да внимаваат при купување производи надвор од деловниот објект, нема ништо бесплатно

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk