ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитров: Вишеградската група ја реафирмира неопходноста од започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Како што соопшти МНР, министрите за надворешни работи присутни на состанокот уште еднаш ја потврдија неопходноста од започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија и упатија порака за донесување позитивна одлука во најскоро време.

February 27, 2020 17:14
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршката на европската интеграција и регионалната соработка на земјите од Западен Балкан беа во фокусот на дебатата на состанокот на шефовите на дипломатиите од земјите од Вишеградската група (V4) и од земјите од Западен Балкан (WB6) што се одржа денеска во Прага на кој учествуваше и министерот за надворешни работи Никола Димитров. На состанокот присуствуваа и комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, министрите за надворешни работи на Хрватска, Словенија и претставник од Австрија.

Како што соопшти МНР, министрите за надворешни работи присутни на состанокот уште еднаш ја потврдија неопходноста од започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија и упатија порака за донесување позитивна одлука во најскоро време.

 

Димитров по завршувањето на пленарната сесија, имаше изјава за медиумите во името на земјите од Западен Балкан, на заедничката прес-конференција со домаќинот колегата Петричек и еврокомесарот Вархеји.

-Зборувам во името на шесте земји од Западниот Балкан, географски блиски и опкружени со ЕУ земји-членки. Благодарност до Чешкото претседателство на Вишеградската група за одржување на политиката на проширување, т.е. комплетирање високо на агендата и за овој состанок со навистина одличен тајминг. Овој собир е знак за заедништво – без Западен Балкан не може да биде возможна целосна, просперитетна, стабилна и безбедна Европа. Постојат разлики меѓу земјите, но едно е исто – споделуваме заедничка европска иднина. Заедништвото е очигледно во оваа значајна историска мисија, рече Димитров.

Новата методологија на Европската комисија, очекувањата од мартовскиот Европски совет и агендата на Самитот во Загреб исто така беа разгледани.

На маргините на состанокот се потпиша Меморандум за разбирање помеѓу Меѓународниот фонд на Вишеград и Фондот за Западен Балкан, што претставува уште една потврда за заложбата на земјите од Вишеградската група за поддршка на нашиот регион.

Министерот Димитров оствари и билатерална средба со МНР на Словачка, Мирослав Лајчак на маргините на денешниот состанок. Недвосмислената поддршка за коригирање на испуштеното во октомври беше уште еднаш нагласена од страна на словачкиот министер.

Вишеградската група е меѓу поддржувачите на ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан. Република Чешка претседава со Вишеградската група од 1 јули 2019 година.

Next Post

Се чекаат резултати од тест за присуство на коронавирус кај уште едно лице

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk