За албанската партија која досега беше дел од владината коалиција, Демократската Унија за Интеграција, новата коалиција меѓу СДСМ и БЕСА е во спротивност со интересите на Албанците во нашата земја. Вицепремиерот Бујар Османи, обвини дека овој договор е против Бадентеровиот принцип и против Рамковниот договор и води кон расцепување и дефакторизирање на албанскиот глас.
„Денеска ние имаме ситуација на дополнително дефакторизирање на албанскиот глас во државата и ние навистина изразуваме жалење што заради лични, партиски интереси не успеа тоа што ние го повикувавме со недели и месеци, дека помалите албански политички партии и фракции треба да се здружат. Денешниот сојуз или топење на Беса во СДСМ е спротивно на интересите на Албанците, и улогата на Рамковниот договор и улогата на Рамковниот договор и двојното бадентерово мнозинство во заштита на интересите на Албанците и единствена цел има, ако можам да кажам, спасување на Беса од исчезнување од политичка сцена, со што се кршат сите принципи и интереси на граѓаните кои што треба да ги претставуваат“, изјави Османи.
А. Зеќири