Апелациониот суд не ја прифати жалбата на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и неговата гаранција од околу 143.000 евра за да излезе од притвор, пренесе Слободен печат.
Во гаранцијата понудена на јавната седница во петокот, спаѓаат куќата на негов прв братучед, проценета на околу 102 000 евра и еден локал – деловен простор во истата куќа во сопственост на неговата мајка, Јасминка Јовановска, со вредност од околу 40 000 евра.
Боки 13 освен гаранција во имот, приложи и медицинска документација за чир на желудник со надеж дека ќе излезе од притвор каде е повеќе од седум месеци.
Останатите инволвирани во случајот „Рекет“ Катица Јанева и Зоран Милевски веќе се во куќен притвор. Зоран Милевски останува во куќен притвор до правосилноста на пресудата, бидејќи тој призна вина и доби три години затвор.