ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Мора ли вака валкано, нечовечки…?

Оставете го минатато зад себе, закопајте ги секирите, казнете ги криминалците, најважни се граѓаните. Поради нив и за нив постоите. Оставете го народот вистински да почувствува дека државата е нивна, а не на партиите.

March 3, 2020 14:09
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборно мразење, нечовечност, набедување и омаложување во полн ек и пред официјалниот старт на кампањата. Памфлети, брошури, пропагандни материјали и билборди со тони говор на омраза, осуда и враќање во незавидното минато. Што фали? Креативност? Инспирација? Не! Фали само малку човечност!

Изборните кампањи и онака со години имаат крајно навредувачки вокабулар, а истиот не изостанува и оваа година.

ВМРО-ДПМНЕ пред извесно време почна со пропагадата „Се срамам од овие луѓе – Заев е виновен“, расфрлајќи летоци низ македонските градови.

На герилата „Заробена држава – никогаш повеќе“ одговорија со „герила“ и на столче симболично ставија зајак со затворенички број, алудирајќи на тоа дека лидерот на СДСМ треба да заврши во затвор.

Но, тука омразата не завршува. Во главниот град осамнаа и билборди на ВМРО-ДПМНЕ со исклучително зајадлива содржина. Заев свртен со грб, како си заминува, со Луј Витон куфер, а во позадрина се претопуваат заматени лицата на Зоран Заев и првоосмничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски попознат како Боки 13. Случај кој во април минатата година, додека беше премиер Заев, го пријави во ОЈО.

Ниту Социјалдемократскиот сојуз не остана имун и врати на „црната“ пропаганда со летоци на кои покрај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, може да се види и ликот на поранешниот премиер, сегашен азилант Никола Груевски. Фотографија која постојано ги навраќа граѓаните на не така далечното минато, на криминалот и корупцијата, и на многу друѓи проблеми, за кои сè уште нема епилог.

Сепек, очекувано, говорот на омраза, повиците за линч, посакување на туѓа смрт, доаѓаат најмногу и најчесто од социјалните мрежи. Посебно од „тврдокорните“ и самопрогласените патриоти, но и од редовните плукачи на власта, опозицијата, од неопределените…. Тука мора да се спомене ужасната слика за Прочка, на која е илустриран Зоран Заев, ни помалку ни повеќе, туку на бесилка.

Да не се заборави и дека наставничка пред неколку години на протест носеше крст со името на Зоран Заев, година на раѓање и смрт? Педагог за пример, par excellence.  Посакување туѓа смрт? Каде со таа омраза и оргоченост?

Како одговорни пред себе и пред општеството, редакцијата на Фронтлајн ги повикува институциите веднаш да реагираат на ваквиот говор на омраза и изборни препукувања. Она што граѓаните го заслужуваат е политичка култура која пред сè треба да ја градаат оние што претендираат да дојдат на власт. Она што граѓаните заслужуваат е чисти улици, а летоци расфрлани на сите страни по улиците, поштенски сандачиња што ќе се полнат со корисни информации, а не со омраза, лажни вести и оргоченост. Она што граѓаните посакуваат е гледање напред во посветла иднина, а не враќање кон мрачното и режимско минато.

Политчки партии, политичари, нивни поддржувачи: Го валкате градот, ги валкате и душите и умовите на граѓаните, а не се живее само од чист образ. Оставете го минатато зад себе, закопајте ги секирите, казнете ги криминалците, најважни се граѓаните. Поради нив и за нив постоите. Оставете го народот вистински да почувствува дека државата е нивна, а не ваша. Покажете одговорност и одважност во носењето на важите одлуки.

Институции, санкционирајте! Доста е!

Тимот на ФРОНТЛАЈН

Next Post

Со стари вести до нови лажни вести, ДУИ манипулира со Рама и хуманистот Кастрати

Shortcut

Најново

Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk