ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: Нема зголемување на бројот на мигранти на јужната граница

Тој најави дека на 5 март ова прашање на ниво на министри за надворешни работи, ќе биде разгледано од страна на ЕУ, затоа што, како што рече, е со пропорции од 2015 и 2016 година што една држава, особено мала и која не е членка на ЕУ, не може сама да го реши.

March 3, 2020 11:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До овој момент нема никакво зголемување на бројот на мигранти на јужната граница освен она што е вообичаено за овој период од годината, ниту пак има назнаки за некаков бран кој деновиве ќе оди кон нашата територија, нагласи претседателот и врховен командант Стево Пендаровски при денешната посета во Гевгелија на армиските припадници кои ја обезбедуваат нашата јужна граница.

Тој најави дека на 5 март ова прашање на ниво на министри за надворешни работи, ќе биде разгледано од страна на ЕУ, затоа што, како што рече, е со пропорции од 2015 и 2016 година што една држава, особено мала и која не е членка на ЕУ, не може сама да го реши.

-Што се однесува до нас, ние сме дел од еден поширок низ на држави кои мора да бидат подготвени па макар како транзитна држава. Искуството од 2015 и 2016 година е огромно и вредно во таа насока така што не очекувам и да има евентуален прилив на бегалци наредниов период дека ние ќе бидеме изненадени, рече Пендаровски.

Врховниот командант посочи дека државните органи на дневна основа следат што се случува тука, дека од неодамна е активиран и новиот орган за координација на службите, како и дека од пред два дена е зголемен од 10 до 15 пати и армискиот контингент, но не, како што рече, во очекување на некој голем бегалски бран, туку во очекување на тоа што евентуално може да се случи за да не нѐ фати неподготвени.

– Ако можевме со највисоки оценки да го завршиме менаџментот на кризата 2015 и 2016 година со транзитот над 1,3 милиони луѓе низ нашата територија, сега не дај боже да дојде таква ситуација, меѓутоа ние сме подготвени. И повторувам тоа не можеме да го направиме сами освен со одлична соработка со партнерските држави во рамки на НАТО Алијансата и се разбира со нашиот сосед Грција, бидејќи кога би дошол прилив на бегалци би дошол по таа балканска рута, значи Турција, Грција и понатаму кон север, нагласи Пендаровски и посочи дека можеме во секој момент да побарме и поголема меѓународна помош до колку има потреба од тоа.

За време на престојот во Гевгелија претседателот Пендаровски го посети привремениот транзитен центар Винојуг, а се сретна и со припадниците на граничната полиција и на Фронтекс.

Next Post

Сведок во Титаник 3: Алими и Гури земаа записници од гласањето во Чаир, јас бев исплашена

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk