Изминатите години донесовме тешки храбри и паметни одлуки, одлуки кои беа неопходни да направиме стабилна држава која може да спроведе големи економски промени.“ истакна Заев на денешната прес-конференција.
Заев додаде дека е покажана визија храброст и одлучност за решавање на децениските прашања и дека со нивно затварање ги отворивме перспективите на ЕУ.
„Денес македонската армија е дел од најголемиот најмоќниот безбедносен планетарен сојуз. Градиме модерна армија, армија на граѓаните. Денес сме извесна 30 членка на НАТО алијансата најмоќната безбедносна алијанса. Тоа освен што значи безбедност и стабилност носи и повеќе пари за граѓаните. Тоа го покажуваат и сите економски параметри во последната година. Само по добивањето на покана за членство странските инвестиции добија рекорден износ за над 300% невработеноста денес е на рекордни најниски 17 % а платите растат буквално во сите сектори. Довербата во македонската економија е вратена а тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.“ истакна Заев
Но, тука не застануваме, рече Заев, веќе од оваа година се отвара пазар вреден 4 милијарди евра годишно, а нашите компании можат да конкурираат и да ги пласираат нашите домашни производи. Заев ја повика бизнис заедницата да биде активен партнер и да ги искористи придобивките од нашето членство во НАТО. – Влеговме во НАТО, верувам можеме и во ЕУ, рече Зоран Заев на денешната прес-конференција.
С. М. Ж.