ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Карпош го ресетира Младинскиот совет

Целта на новиот закон е целосно да ги вклучи младите во процесот на одлучување, но и да се креира едно младинско тело кое ќе дава креативни идеи и ќе биде гласот на младите на локално ниво. Јас сум најмлад градоначалник во нашата држава и мило ми е што Карпош ќе биде првата општина, која ќе го ресетира Младинскиот совет по новиот закон. Претходно сум бил дел и од Собранието и знам колку е важно да опстанеме на идејата да обезбедиме подобар живот за младите во сите области, рече Богоев, на чија иницијатива се одржа денешната средба

March 4, 2020 15:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Карпош ќе биде првата локална самоуправа која ќе го ресетира Младинскиот совет според новиот Закон за младинско учество и младински политики. Општината, како што денеска информираа оттаму, ги презела и обврските за отворање на канцеларија за млади, обезбедување на младински службеник и одвојување на 0,1 проценти од локалниот буџет на годишно ниво наменски за младите.

За ова и за други прашања денеска разговараа градоначалникот Стефан Богоев и претставници на институции, младински организации, политички подмладоци, заедници на средношколци и други организации кои работат со млади.

– Целта на новиот закон е целосно да ги вклучи младите во процесот на одлучување, но и да се креира едно младинско тело кое ќе дава креативни идеи и ќе биде гласот на младите на локално ниво. Јас сум најмлад градоначалник во нашата држава и мило ми е што Карпош ќе биде првата општина, која ќе го ресетира Младинскиот совет по новиот закон. Претходно сум бил дел и од Собранието и знам колку е важно да опстанеме на идејата да обезбедиме подобар живот за младите во сите области, рече Богоев, на чија иницијатива се одржа денешната средба.

Младинскиот совет може да иницира решавање на различни проблеми со кои се соочуваат младите на локално ниво. Можат да даваат иницијативи за изведба на спортски игралишта, вело – зони, да одржуваат едукативни работилници, но и да организираат свирки, меѓугенерациски дружби и сл.

На јакнење на капацитетите на Младинскиот совет ќе работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, која подготвува прирачник за работа на Советот.

Во претстојниот период, од Општина Карпош најавуваат и статутарни измени во делот на Младинскиот совет и започнување на постапката за формирање на Иницијативен одбор за избор на Младинскиот совет.

Next Post

Утре без струја неколку улици во Кисела Вода и Карпош

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk