ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Автобусот на „Дурмо турс“ удрил со 10 пати поголема јачина од онаа што би ја поднела оградата

Одбраната поставуваше прашања за брзината, аголот и силата што би ги поднела оградата за да го спречи автобусот да излета од патот. Вештакот потврди дека се утврдени неправилности при изготвувањето на тој дел од патот, како и дека потоа не е соодветно одржуван.

March 5, 2020 14:27
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кривичниот суд Скопје денешното рочиште за случајот „Ласкарци” започна со вкрстено испитување на градежниот вештак од страна на одбраната на обвинетите.

Одбраната поставуваше прашања за брзината, аголот и силата што би ги поднела оградата за да го спречи автобусот да излета од патот.

Вештакот потврди дека се утврдени неправилности при изготвувањето на тој дел од патот, како и дека потоа не е соодветно одржуван.

Во однос на заштрафувањето на одбојниците беше заклучено дека не биле ставени доволно штрафови, и оти би биле многу поцврсти доколку биле поставени на бетон, наместо на земја.

Еден од адвокатите на обвинетите го праша сведокот дали работи во Гранит, фирмата која го има правено тој дел од патот. Тој потврди, но напомена дека при вештачењето ги има нотирано сите воочени неправилности.

Исто така, го праша и дали му е истечена лиценцата за работа, на што вештакот одговори дека немаат доволно вработени и оти одземањето на лиценцата е поврзано со тоа.

Обвинителот реагираше дека одбраната на обвинетите само се обидува да го дискредитира вештакот.

Адвокатите на обвинетите нагласија дека вештакот во неколку наврати одговара спротивно од она што го има наведено во вештачењето и побараа сведокот да се потпише и на денешниот извештај од испрашувањето.

Го прашаа што значи тоа дека доколку ги немало неправилностите при изградбата ќе се сменел текот на случувањата при несреќата, по што тој појасни дека автобусот би удрил подолу каде што постојат само првата и третата ограда, несреќата ќе се случела, но под други околности.

На крајот обвинителот го праша сведокот дали во секоја можна околност би се случила несреќата, земајќи ги предвид, аголот, јачината и брзината на возилото, на што вештакот одговори дека ќе се случела бидејќи автобусот удрил со јачина околу 10 пати поголема од онаа што може да ја одбие оградата.

По паузата рочиштето продолжува со изведување на материјални докази од обвинителството.

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени.

 

Next Post

Поради кризата со тоалет-хартија, австралиско списание објави неколку бели страници

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk