Во Велика Британија денеска е регистриран првиот смртен случај од корона вирус, објави весникот „Мирор“.
Еден повозрасен пациент со лоша здравствена состојба почина откако беше позитивен на тестот на корона вирус, а се претпоставува дека се заразил во Велика Британија.
Ова е прв смртен случај во Британија од корона вирус, по смртта на британскиот државјанин на 28 февруари на бродот „Дајмон Принцес“, кој се наоѓаше во карантин во близина на јапонското пристаниште Јокохама.