ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

September 10, 2025 11:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Геенрирано со ВИ

Фото: Геенрирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ најави Резолуција со која ќе се потврдат „црвените линии“ за јазикот, културата и идентитетот – како механизам против непринципиелни барања. Од опозицијата велат дека власта со својата пасивност го закочила европскиот пат на земјата.

Деблокадата на евроинтеграциите и предвидливоста на патот кон Европската Унија станаа главна тема на средбите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со високи француски политички претставници во Париз. Во еднодневната работна посета, тој имаше средби во Генералниот секретаријат за европски прашања, во Министерството за Европа и надворешни работи, како и со пратеници од францускиот парламент.

Филипче испрати јасна порака: време е за политичка зрелост, заедничка одговорност и национален консензус, кој ќе ја одблокира европската перспектива на државата. Тој најави дека СДСМ е во завршна фаза со подготовка на предлог-Резолуција, со која ќе се зацврстат државните позиции и ќе се понуди механизам за справување со можни непринципиелни барања од Бугарија за време на преговорите – особено кога тие ги надминуваат рамките на преговарачкиот процес и се однесуваат на македонскиот јазик, култура и идентитет.

„Со носење на резолуција со национален консензус ќе потврдиме дека македонскиот јазик, културата и идентитетот се темелни вредности, веќе заштитени во европските документи и во преговарачката рамка. Но уште поважно, ќе изградиме заеднички став како институции да ги браниме тие позиции. Ова е вин-вин решение – и за државата, и за граѓаните“, изјави Филипче.

Од СДСМ потенцираат дека во Европската Унија постои јасна подготвеност за проширување и дека Македонија мора да ја искористи оваа можност. Но, како што укажуваат од опозицијата, Владата во изминатиот период не покажала ниту капацитет ниту политичка волја да обезбеди деблокада на процесот, со што го довела во прашање кредибилитетот на земјата во европските кругови.

„Сега е моментот за проактивен пристап, резултати и визија. Владата не смее повеќе да се крие зад изговори. Ако продолжи ова кочење, Македонија ќе изгуби чекор со соседите кои веќе напредуваат – како Албанија и Црна Гора“, порача лидерот на СДСМ од Париз.

Француските претставници, пак, ја повторија поддршката за македонските евроинтеграции, но и јасно ставија до знаење дека очекуваат конкретни и брзи резултати од Скопје во исполнувањето на реформските обврски.

Со работната посета во Париз, опозицискиот лидер Венко Филипче ја нагласи заложбата за национален консензус и европска иднина. Дали власта ќе го прифати овој предлог, останува отворено прашање – но очекувањата на граѓаните за конечно одблокирање на патот кон ЕУ никогаш не биле поголеми.

Од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека е срамно лидерот на опозицијата да ги штити националните интереси, а изразија и сомнеж дека Резолуцијата која сѐ уште не е позната за јавноста, е само задоволување на бугарските барања.

Претходно, премиерот Мицкоски во својот говор по повод Денот на независноста, кажа дека со нетрпение го очекува предлогот на СДСМ, за да види кои се „црвените линии“. Посочи и дека без разлика каква ќе биде понудата, тој нема да дозволи да има игри за прашања како што се идентитетот и европската иднина.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУСДСМфранцуски предлог
Next Post

Дариус Конџи добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

Shortcut

Најново

Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk