„Многу невладини организации можат да пружат и правна помош, постапката е позната и институциите мораат да направат напор да ги селектираат оние случаи кои заслужуваат да бидат процесирани“, изјави професорката Снежана Трпевска во изјава за Фронтлајн по панелот „Говор на омраза: состојби и решенија“ во организација на ЦИВИЛ.
Трпевска ја нагласи комплексноста на секој процес започнат против говорот на омразата, нефункционалноста на одговорните тела создадени за таа намена, како и чувствителноста на секој случај одделно. Нејзиниот став, исто така, се однесува и на навремената информираност кај помладите, и тоа во клучните години од образованието.
Професорката нагласува и дека е против кривично гонење бидејќи слободата на изразување на интернет може да биде лесно ограничена и само екстремните ситуации треба да одат во кривична постапка.
„Како општество треба да ги лоцираме и анализираме причините за говорот на омраза, пред се во образовниот систем“, вели Трпевска, додавајќи дека “нетолеранцијата не е невродена, односно толеранцијата се учи“.
На панел дискусијата освен професорката Трпевска учествуваа Петрит Сарачини, активист и новинар и Кочо Андоновски ЛГБТИ – Центар за поддршка.
Ана Н. Стојчевски
камера: Ариан Мехмети