ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува санацијата на главниот цевковод на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро

Од граѓаните се бара да ја проверат исправноста на своите одводни сифони и да ги наполнат со вода како би спречиле евентуални непријатни миризби кои не претставуваат опасност, а кои можат евентуално да се појават во текот на санацијата на станбените простори. Притоа станарите на одредени објекти ќе бидат информирани за текот на активностите, во тоа време да се водржат од користење на канализациските состави или употребата да ја сведат на минимум бидејќи истите ќе бидат вон функција за време на инсталирање на цевководот

March 6, 2020 16:05
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на „Инд Еко“ од Ријека од наредната седмица почнува со зафати за санација на канализациската мрежа од Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, на главната траса од потегот од Лагадин до Охрид и од Охрид до Струга.

Активностите што предвидуваат чистење и обложување на цевководот одвнатре со специјален непропустлив материјал ќе се изведуваат наредните четири месеци, а во тек на самите зафати делумно временски ќе биде стопиран дел од сообраќајот во близина на трасата каде минува цевководот.

Од граѓаните се бара да ја проверат исправноста на своите одводни сифони и да ги наполнат со вода како би спречиле евентуални непријатни миризби кои не претставуваат опасност, а кои можат евентуално да се појават во текот на санацијата на станбените простори. Притоа станарите на одредени објекти ќе бидат информирани за текот на активностите, во тоа време да се водржат од користење на канализациските состави или употребата да ја сведат на минимум бидејќи истите ќе бидат вон функција за време на инсталирање на цевководот.

Санацијата на самиот систем се спроведува со најсовремена технологија, со чистење на цевководот одвнатре без ископ на постојната мрежа. Во постоечките колекторски цевки ќе се вметнува специјален непропусен полиуретански материјал, што ќе спречува излевање на отпадните води надвор од системот, но и навлегување атмосферска вода во него.

Како што беше истакнато од страна на изведувачот, предноста на таквата технологија е што за време на активностите не се уништува надземна и подземна инфраструктура, а работата се одвива многу побргу од класичното ископување и замена на цевките.

Со реконстуираниот Колекторски систем ќе стопанисува новоформирано јавно претпријатие, целосно исчистено од долговите што ги имаше кон поранешното меѓуопштинско претпријатие „Проаква“ под чија ингеренција работеше во минатото.

Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води беше изграден со самопродонес на граѓаните на Охрид на почетокот на 80-тите години на минатиот век. Продолжената негрижа доведе до тоа системот децении да работи со само околу 20 отсто од капацитетот, со чести дефекти и прегорувања на моторите од препумпните станици кои поради порозноста на цевководот немаа капацитет да ја примат сета вода што навлегуваше и го преоптоваруваше системот при секои посилни врнежи. Со предвидените активности за санација е предвидено системот да биде целосно функционален и без проблеми да опслужува наредните 15 години.

Next Post

Петровска: Полицијата не смее да биде инструмент за политички пресметки

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk