ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Петровска: Полицијата не смее да биде инструмент за политички пресметки

Како што прецизира министерот Чулев, полициските службеници делото го пријавиле како пронајдени предмети, а дополнителна грешка е што тие не постапиле согласно со Законот за кривична постапка, односно не го информирале ОЈО за понатамошно постапување.

March 6, 2020 16:07
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата не смее да биде инструмент преку којшто политичките партии меѓусебе ќе се пресметуваат, порача дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска при денешната посета на СВР Велес Петровска, наведувајќи дека е запознаена со случајот за несовесно работење на пет раководни службеници на СВР Велес, за кој предмет е поднесена кривична пријава до ОЈО. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека не сака  ова да се свати како нејзин притисок и остава ОЈО да го сработи овој предмет и очекува оттаму поскоро да излезат со став во врска со тоа.

-Затоа и ја упатувам пораката дека без оглед на политичките влијанија, тие треба да останат на нивото на својот професионален кредибилитет и да не дозволат која било политичка партија да влијае на нив, потенцира Петровска.

При минатонеделната посета на СВР Велес, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев одговарајќи на новинарско прашање информира дека се работи за случај за постапување по пријава на полициски службеници во село Горно Врановци, во Општина Чашка, за кривично дело кражба при нелегална сеча на дрва.

-По доаѓањето на местото на извршување на кривичното дело, полициските службеници ги пуштаат извршителите, ги растовараат дрвата  и извршителите заедно со средствата за извршување на кривичното дело – тракторот си заминуваат, информира Чулев.

Тој појасни дека при тоа е направена фото документација и има фото албум од настанот.

Како што прецизира министерот Чулев, полициските службеници делото го пријавиле како пронајдени предмети, а дополнителна грешка е што тие не постапиле согласно со Законот за кривична постапка, односно не го информирале ОЈО за понатамошно постапување.

Воедно, овие полициски службеници, како што нагласи министерот Чулев, по отворање на истрагата  од страна на Одделот за внатрешна контрола давале неточни и лажни изјави во ОЈО.

Министерот Чулев, на 28 февруари најави  дека  се комплетира документацијата за ова дело и во целост се работи во насоки и инструкции од страна на надлежниот јавен обвинител и во текот на денот ќе се поднесе соодветна кривична пријава во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за полициски службеници, а против наведените лица ќе се иницира соодветна дисциплинска постапка.

Next Post

Ковачевски: Мицкоски неодговорно и недомаќински ја раководел најголемата енергетска компанија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk