ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

UN-Women: Ниту една земја не постигнала родова еднаквост

Според Извештајот, во измината декада во 131 земја се усвоени 274 закони и правни реформи за поддршка на еднаквоста на половите. Во делот на образованието просечно на глобално ниво постигнат е паритет и повеќе девојки од кога било одат на училиште, сепак, постојат големи разлики меѓу земјите и во самите земји. Глобалниот сооднос на смртност на мајки е сè уште превисок, (211 починати на 100.000 живородени раѓања), но е опаднат за 38 проценти во однос на периодот 2000-2017 година

March 7, 2020 12:40
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај извесен напредок, унапредувањето на еднаквоста на половите и женските права останува бавен. Ова се наведува во Извештајот на UN-Women по повод меѓународниот ден на жените и одбележувањето на 25 години од Платформата за акција од Пекинг.

Според Извештајот, во измината декада во 131 земја се усвоени 274 закони и правни реформи за поддршка на еднаквоста на половите. Во делот на образованието просечно на глобално ниво постигнат е паритет и повеќе девојки од кога било одат на училиште, сепак, постојат големи разлики меѓу земјите и во самите земји. Глобалниот сооднос на смртност на мајки е сè уште превисок, (211 починати на 100.000 живородени раѓања), но е опаднат за 38 проценти во однос на периодот 2000-2017 година.

-Прегледот на правата на жените покажува дека и покрај одредниот напредок, ниту една земја не постигнала родова еднаквост. 2020 година претставува невидена можност да се свртат работите за сегашните и идните генерации жени и девојчиња, изјави извршниот директор на жени на ООН, Фумзиле Мламбо-Нгкука.

За да се забрза напредокот за време на Декадата на ООН за акција, таа укажа на кампањата на ОН Жени за „Генерација на еднаквост“, со која треба да се испорачаат резултати на менување на правилата на игра со цел унапредување на еднаквоста кај жените и девојчињата.

Соглсно Извештајот на ОН Жени, преостанува работа во областа на политичкото претставување, неплатената грижа и домашна работа, намалување на сиромаштијата… Ккао што се наведува во Извештајот, само едно од четири места во Парламнетите во просек им припаѓа на жените, глобално 25 проценти од жените на возраст од 25-34 години е поверојатно да живеат во екстремна сиромаштија со помалку од два долара на ден, жените во просек  три пати повеќе посветеуваат на неплатена грижа и домашна работа од мажите што се одразува на нивната економска сигурност.

Во однос на паритетот на работните места жените се за 16 проценти помалку платени од мажите, а секога четврта жена е менаџер, на глобално ниво 39 проценти од жените работат во земјоделството, но само 14 проценти се сопственици на земјата. Вкупно 18 проценти од жените на возраст од 15 до 49 години кои живеат со постојани партнери искусиле сексуално или психичко насилство, но помлаку од 40 отсто побарале каква било помош.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија меѓу европската реторика и ориентацијата кон „српскиот свет“

July 1, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Инзаги по триумфот Ал Хилал над Сити: Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме

July 1, 2025

Сабаленка против пет сетови во женскиот тенис

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk