„300% скок на социјалната помош“ е мотивот на најновата герила инсталација која утрово осамна во близина на Камениот мост во Скопје, кај поранешната скопска „Црвена општина“. Таблите се испишани на македонски и албански јазик, на кои се прикажува порака за скокот од 300% на социјалната помош за време на владата предводена од СДСМ.
Сумата од 10.700 денари, која сега ја добива едно 4-члено семејство, е споредена со социјалната помош од 3400 денари за 4-члено семејство примател на социјална помош која ја даваше државата во 2016-та, за време на владата предводена од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
„Скок од 300 %, 2019 – социјална помош за 4 члено семејство 10.700 денари“ е напишано на едната табла, додека веднаш под неа на другата табла пишува „2016 – социјална помош за 4-члено семејство 3.400 денари“.