ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Растот на БДП е сублимат на добрите економски и фискални политики

Ангеловска посочува дека растот на БДП во 2019 година, кој изнесува 3,6 проценти, е над проекцијата на Министерството за финансии, како и над проекциите на меѓународните финансиски институции

March 10, 2020 14:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Растот на БДП е сублимат на добрите економски и фискални политики кои се водат. Фискалната политика која ја водиме како Влада е во насока на поддршка на приватниот сектор за развој на неговата конкуретност, преку поддршка на инвестициите во нови технологии, на извозно ориентираните, за задржување на квалитетни кадри, како и инвестиции во човечкиот капитал за зголемување на продуктивноста на долг рок, вели министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Локално.мк.

Ангеловска посочува дека растот на БДП во 2019 година, кој изнесува 3,6 проценти, е над проекцијата на Министерството за финансии, како и над проекциите на меѓународните финансиски институции.

– Со растот на економијата се создаваат подобри услови за живот во сите сфери. Пред сѐ, поради тоа што минатогодишниот економски резултат е широко базиран и има подобрување во сите сектори и сегменти. Расте градежништво во 2019 за 5,9 проценти, расте трговијата за 4,7 проценти, земјоделството за 3,8 проценти, како и индустријата за 3,1 проценти. Гледано според расходната страна се бележи и раст на домашната побарувачка, со раст на приватната потрошувачка од 3.5 проценти на годишно ниво. Растат и инвестициите – забележаа висок раст во четвртото тримесечје од 11,5 проценти или 6,6 проценти годишно. Значи, секаде има додадена вредност, вели Ангеловска.

Таа посочува дека од исклучителна важност е што овој резултат е постигнат со водење на прудентна политика на јавен долг, односно со стабилизирање на јавниот долг.

Според Ангеловска, намалувањето на стапката на невработеност е придружена со раст на вработеноста, а воедно и со раст на активното население кое во последниве три години е зголемено за околу 20.000 лица на пазарот на труд.

– Она што е особено позитивно е што кај најмладата возрасна група од 15-24 години, каде има и најголема стапка на невработеност, невработеноста значително е намалена на годишно ниво, за околу 14 процентни поени и сега изнесува 35,1 проценти. Иако, повторно станува збор за висока стапка и работиме да ја намалиме, сепак охрабрувачки е тоа што имаме значајни резултати во пребродување на овој проблем, истакнува Ангеловска.

Оценува дека за намалувањето на стапката на невработеноста и зголемувањето на стапката на вработеноста влијаат активните мерки за вработување, како и инвестирањето во човечки капитал.

– Намалувањето на невработеноста и растот на бројот на вработените се постигнува преку премостување на јазот на понудата и побарувачката на пазарот на труд. На ова се делува преку инвестиции во човечкиот капитал, во образованието – на долг рок, а преку активните мерки за вработување на среден рок. Годинава се издвоени 1,3 милијарди денари за активни мерки за вработување, што е за два пати повеќе во однос на 2016 година или трикратно повеќе во однос на 2015 година, посочува Ангеловска во интервјуто.

Next Post

Пендаровски за ТВ Клан Македонија: „Преспа“ е завршена работа

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk