ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Откажана целокупната агенда на СДСМ и Заев во наредните денови

Иако денеска беа закажани средби на претседателот Зоран Заев со неколку стопански комори, а утре и задутре беа предвидени партиски настани во повеќе граѓани, политичкото раководство на СДСМ одлучи да се откажат настаните, бидејќи нема поголема вредност од јавното здравје, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешата прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање

March 10, 2020 15:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги откажа сите активности во наредните денови, а откажани се и сите настани од партиската агенда со цел да се превенира ширење на корона вирусот.

– Иако денеска беа закажани средби на претседателот Зоран Заев со неколку стопански комори, а утре и задутре беа предвидени партиски настани во повеќе граѓани, политичкото раководство на СДСМ одлучи да се откажат настаните, бидејќи нема поголема вредност од јавното здравје, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешата прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Николовски на прес-конференцијата ги објасни петте столба на програмата на СДСМ, за повисоки плати, развој, напредок на државата.

– По синоќешниот победнички 24. Конгрес на СДСМ излегуваме пред граѓаните со сериозна, нова програма за подобра иднина, повисоки плати, уште поголем и посилен развој и посилен напредок на државата. Предвидуваме пет столба кои носат позитивна трансформација за нашето заедничко едно општество. Со мерките и политиките во Програмата градиме економски силна и стабилна земја. Праведна, правична и правна држава, членка на НАТО, земја која успешно преговара со Европската Унија, рече Николовски.

Тој посочи дека на младите им нудат зелена, еколошка, дигитализирана и иновативна држава за достоен живот.

– Градиме систем во кој трудот на работниците се вреднува и плаќа. Работници со поголеми плати. Плата од која останува за живот. Сакаме држава во која младите остануваат и напредуваат тука. Ако можевме за две и пол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите до сега, сигурни сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро, рече Николовски.

Економијата, как што посочи, останува наш врвен приоритет во следниот мандат.

– Сто илјади нови работни места и голем раст на сите плати! Тоа е нашиот прв и носечки столб на Програмата. Ако за само две и пол години успеавме да отвориме над 67.000 конкретни, видливи нови работни места, можеме во следниот мандат да отвориме 100.000 работни места, рече Николовски.

Тоа, како што додаде, ќе придонесе стапката на невработеност да падне уште повеќе.

– Ако денеска тој процент е 16,6 проценти. Наша заложба, точно мерлива е до 2024 да се намали двојно повеќе, односно до крајот на следниот мандат ќе имаме стапка на невработеност од 8 отсто. Платите продолжуваат да растат. Сите плати. За да има повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство, кај сите граѓани, истакна Николовски.

Тој посочи дека 300 евра минимална и 600 евра просечна плата до 2024 година е понудаат на СДСМ до граѓаните на овие избори.

– До крајот на новиот мандат, социјалната помош ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, а 65.000 деца ќе примаат детски додаток. До 2024 година, со предучилишно образование ќе опфатиме 60% од децата на возраст од 3 до 6 години, истакна Николовски и додаде дека 10 илјади деца ќе добијат современи услови за квалитетен раст и развој.

Најави дека до 2024 ќе обезбедат бесплатна „зелена“ нафта за сите земјоделци.

– Односно „зелената“ нафта како една од најуспешните мерки во земјоделството, којашто сега е 30%, до крајот на следниот мандат ќе биде целосно бесплатна.Двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците! Ќе изградиме 260 км автопати. 300 км експресни патишта. 950 км локални патишта. Рехабилитации на 1.500 км постоечки патни правци, рече Николовски.

Тој рече дека следува темелно и целосно прочистување на правосудството и дека судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам на Закон.

– Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители.Ќе се врши темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Ако за две и пол години донесовме правичност, ќе донесеме сега правда и одговорност за сите, рече Николовски.

Според него, ако за две и пол години успеавме да влеземе во НАТО, можеме тоа да го направиме и во ЕУ.

– Започнуваме преговори со ЕУ, ја европеизираме Северна Македонија и го трансформираме општеството уште подобро. До крајот на мандатот, до 2024 ќе ги отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ. Точно и прецизно.Преку преговорите отвораме пристап до европските фондови и обезбедуваме 2 милијарди евра за Северна Македонија. Тоа носат нашите политики на интеграција, додаде Николовски.

Посочи дека ќе има строга контрола и високи казни за загадувачите и дека тоа е врвен приоритет во новиот мандат.

– Комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор врз инспекциските служби.Тројно повеќе еко инспектори. Тројно повисоки казни за фабриките кои немаат еко филтри. Двојно повисоки казни за граѓаните кои загадуваат на законски недозволив начин, рече Николовски.

Ова, како што истакна меѓу другото Николовски, се петте столба на Програмата кои заедно со персоналните решенија на кандидатските листи ќе донесат нова чиста победа и продолжување на напредокот уште повеќе и уште подобро.

 

Next Post

Заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk