ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Затворени над 80 училишта во Грција

Во текот на вчерашниот ден беа потврдени 11 нови случаи, од кои четири создаваат загриженост во Грција, со оглед на тоа дека е непознат изворот, односно веројатно станува збор за лица кои ниту патувале во некоја од погодените земји, ниту пак биле во контакт со некој од веќе потврдените случаи.

March 10, 2020 11:10
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Превентивно и за да се спречи ширење на корона вирусот над 80 училишта во цела Грција, со одлука на Министерството за образование, од денеска се затворени.

Листата со средни и основни училишта кои ставија клуч на врата постојано се менува, со оглед на тоа дека една образовна институција се затвора доколку се потврди дека постои позитивен случај на Ковид-19, поврзан со некој од учениците, јави дописничката на МИА од Атина.

Затворени се училишта во Атина, Солун, Лерин, на островите Лезбос и Евија, а паралелно, и понатаму се затворени сите училишта во регионите Илиас, Ахаиа и Закинтос, каде што од минатата седмица, во сила се вонредните владини превентивни мерки.

Рано утрово, бројката на заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 89 лица, откако беа потврдени пет нови случаи на корона вирусот. Од нив, четворица се блиски контакти на веќе потврдени случаи, еден е кај лице кое патувало во Лондон.

Влошена и критична е состојбата на 66-годишниот маж, кој од 4 март е хоспитализирано на интензивна нега во болницата во грчкиот град Патра, а беше првиот потврден случај од групата од 54 лица што се врати од поклоничкото патување во Израел и Египет.

Во текот на вчерашниот ден беа потврдени 11 нови случаи, од кои четири создаваат загриженост во Грција, со оглед на тоа дека е непознат изворот, односно веројатно станува збор за лица кои ниту патувале во некоја од погодените земји, ниту пак биле во контакт со некој од веќе потврдените случаи.

Проценките, како што вчера рекоа министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас и претставникот за корона вирусот, професорот Сотирис Циодрас, се дека во следните седмици ќе има зголемување на бројот на заразени.

Министерството за здравство на Грција, во зависност од бројот на потврдени позитивни случаи, презема нови превентивни мерки.

Вчера соопштија дека се откажуваат културни и уметнички настани во отворени и затворени простори што вклучуваат над 1000 лица и наместо одржување на состаноци на кои е предвидено учество на 50, да се разгледа можноста за телеконференција.

Прва „жртва“ на новите мерки беше колумбиската ѕвезда, пејачот Малума, кој е веќе во Атина за концертот закажан за утре во грчката престолнина, а два дена подоцна во Солун. Организаторите, за дописничката на МИА од Атина, синоќа потврдија дека концертите нема да се одржат.

Next Post

ОЈО за „360 степени“: Рано е за кривично-правна интервенција за заразената докторка

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk