Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје со нова мерка за превенција од корона вирусот.
Имено, освен што градските автобуси постојано се дезинфицираат, ЈСП најави дека привремено се укинува бесплатниот јавен превоз за пензионерите во главниот град, за студенти и ученици. Ова доаѓа откако на вчерашната седница на Владата беа изгласани мерките на ниво на цела држава, според која училиштата и факултетите се ставаат во мирување 14 дена и се откажуваат сите поголеми настани од културата и политиката.
А. Н. С