ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Руската брутална агресија против Украина за претседателката Сиљановска-Давкова е „руска воена операција“!?

January 18, 2025 18:26
in ESPRESSO, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во својот говор пред дипломатите ја нарече бруталната руска воена агресија против суверена Украина со израз кој како да е диктиран од руската амбасада: „руска воена операција“.

Во говорот пред дипломатите, претседателката Сиљановска-Давкова, исто така, го употреби изразот „руско-украинска војна“, иако се работи за војна на агресија или злосторство на агресија, што во литературата се опишува и како „фундаментално злосторство“.

Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд се однесува на кривичното дело агресија како едно од „најтешките злосторства што ја засегнува меѓународната заедница“ и предвидува дека кривичното дело спаѓа во надлежност на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Универзитетската професорка, сега и претседателка на државата, при Правниот факултет „Јустинијан Први“ која, меѓу многуте други, го предава и предметот „Суверенитет – теорија и пракса“, едноставно, не направи разлика меѓу руската воена агресија каква што е позната во целиот свет и изразот „руската воена операција“, својствен на рускиот воено пропаганден вокабулар од почетокот на целосната воена агресија во 2022 година.

На почетокот, „специјална воена операција“ или „воена операција“ беше единствен дозволен израз со кој руските пропагандисти, но и обични луѓе, смееја да ја наречат руската воена агресија. Не смееја ни зборот војна да го употребат – се одеше в затвор за тоа.

За разлика од почетокот на агресијата, дури ни рускиот злосторнички режим веќе не успева да најде оправдување за казнување на своите граѓани и новинари кога го спомнуваат зборот војна.

Но затоа тука е претседателката на Северна Македонија да „потсети“ и да ги воскресне пропагандните наративи на злосторниците од Кремљ. На дипломатски прием!

Џабир Дерала


Преземено од Цивил Медиа. Текстот е личен став на Авторот – Редакцијата и Издавачот не сносат одговорност за изречените ставови.
Next Post

Уапсен Раде Трајковски-Штекли, потврди МВР

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk