ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

„Најтажниот ден“ во годината

January 20, 2025 17:07
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Тажниот „син“ трет понеделник во јануари вообичаено се смета за „најдепресивниот ден“ во годината…И, иако ова не се заснова на научни факти, сепак, денеска многумина чувствуваат емотивни тешкотии и предизвици, додека зимските температури сè уште се ниски, денот сè уште кус, а празниците се зад нас.

Овој ден, според познавачите, може да послужи за осознавање, признавање и решавање на чувството на тага коешто некои луѓе може да го искусат во зимските месеци. Така, главниот совет гласи: Работете на менталното здравје! „Тажниот понеделник“ е потсетник за грижата за себе. Можеби е време и за разговор со психолог, ако тоа е потребно.

Тезата за „тажниот син понеделник“ во 2004 година ја поставил Клиф Арнал – психолог од Велс кој предавал на Универзитетот во Кардиф. Своевидниот „гуру“ во својата теорија зел предвид неколку фактори, како што се временските услови, времето по Божиќ, парите и трошоците. Формулата гласи: [V + (D – d)] k TK / M k Na. Притоа, V означува време, D – долгови, d – месечна плата, T е за деновите минати од Божиќ досега, K – денот кога сме се откажале од новогодишните одлуки, M е нивото на мотивација и N е „параметарот“ за чувството дека треба да направиме нешто.

Така, неговиот прв совет гласи: Освежете ги Вашите цели и приоритети! „Тажниот понеделник“ може да биде прилика за повторно сосредоточување на целите и приоритетите за претстојнава година. Поставувањето нови цели или преразгледувањето и надградбата на веќе постоечките – може да создаде чувство на мотивација и цел.

Натаму, се вели, направете план за физичка активност! Телото и умот се поврзани, па и редовните вежби може да го подобрат расположението. Вклучете се во потфати коишто поттикнуваат благосостојба, ангажираност, чувство на полезност, среќа.

Поврзете се со семејството и пријателите! Денеска е совршен ден за дружење со саканите, да ги споделите Вашите чувства и да побарате поддршка, заради попријатни чувства, поведар дух и борба против лошото расположение.

Опуштете се! Не заборавајте на себеси и Вашите потреби. Опуштањето и занимациите коишто исполнуваат и носат радости, без разлика дали се работи за читање книга, гледање филм или медитација – сè тоа е пожелно и многу препорачливо.

Поставете си ги „дневните цели за среќа“! Наместо да се сосредоточите на еден ден, последниот совет на психологот гласи: Размислете за поставување дневни цели, за посреќни денови преку цела година. Ова помага да се одржи потребниот позитивен дух.

Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Кандидатите за косовски премиер го игнорираат „слонот во собата“; Претставена Диела, виртуелната асистентка на е-Албанија; Дијалогот со нејасна иднина

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk