ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: На овие избори, дресот на СДСМ и коалицијата не е само дрес на партија, туку е дресот на иднината и надежта

Наместо во антиката, дебатата ја преместивме во 21 век, каде правото на самоопределување и самоизјаснување е не-спор-но! (Член 7 од Преспанскиот договор). Ние сме македонски народ што зборува македонски јазик и живее во нашиот дел од историскиот регион Македонија, во Северна (придавка) Македонија (ИМЕнка)

March 12, 2020 09:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2014 година ја напуштив дипломатијата, мојата професија од 1996. Решив да не одам во Москва, мојата следна дестинација како амбасадор, чувствувајќи одговорност за очигледно погрешниот курс на тогашната власт. Го напуштив системот и си дадов отказ во МНР, без намера за некаков политички ангажман.

Во 2015 кога ги чув првите “бомби”, не можев да не влезам во борбата да го тргнеме срамот од македонската нација и да ја извлечеме татковината од “преродбата” на Груевски што всушност беше одродба и од македонското автентично ЈАС и од демократијата кулминирајќи во “заробена држава” (Европска комисија).

Бев активист на Шарената револуција, ја ширев вистината против режимот објавувајќи текстови во меѓународни и македонски медиуми. По изборите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ме повика да се вратам и да ја водам дипломатијата.

Заедно, за 30-ина месеци, од земја “во ќорсокак” (Фуле) и меѓународна изолација, успеавме да ја исправиме државата на нозе и одлучно да зачекориме напред.
Го решивме најголемиот проблем од независноста, што ни ја држеше иднината заклучена.

Наместо во антиката, дебатата ја преместивме во 21 век, каде правото на самоопределување и самоизјаснување е не-спор-но! (Член 7 од Преспанскиот договор).
Ние сме македонски народ што зборува македонски јазик и живее во нашиот дел од историскиот регион Македонија, во Северна (придавка) Македонија (ИМЕнка).

Ја заокруживме личната карта во ОН, каде бевме “поранешни”.
На прагот сме на реализација на децениските стратешки цели: членство во НАТО и пристапните преговори со ЕУ.
Од земја во ќорсокак, станавме светла точка и пример (Меѓународната заедница во хор) за целиот регион.
Од проблем, направивме пријатели. Од кукање над тешката судбина, од филмот на жртва, преземавме одговорност за иднината, со дизгинот во раце и со победнички дух!

Пред нас се клучни избори. Со расчистен пат надвор, предизвикот од надворешна политика ќе се помести дома.
Решив дека денес не е време да се седи на страна. Како човек што нема и немал партиска припадност, активното учество на изборите не е едноставна одлука. Но, ние немаме луксуз да бидеме пасивни набљудувачи.

Изборите, за жал, нема да бидат натпревар на идеологии, политики, способност и посветеност. Не е прашањето кој ќе оди напред побрзо и повешто, туку кој воопшто оди напред. Изборите се раскрсница: Да нè биде или не!

На овие избори, дресот на СДСМ и коалицијата не е само дрес на партија, туку е дресот на иднината и надежта, и покрај тоа што имавме и грешки; за на следните избори да имаме вистински мегдан и натпревар.
Нашиот претстоен предизвик – реалната битка – е онаа за правда и еднакви можности.

Му благодарам на СДСМ и на Зоран Заев за честа да бидам носител на Изборната единица 1.
Ќе дадам се’ од себе за мојот народ, македонскиот народ, и за сите други наши сограѓани, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци и Роми … за да ја средиме нашата заедничка куќа!
Се’ од себе за да докажеме дека можеме и повеќе и подобро!

Ќе не’ биде!

Фејсбук статус на министерот Никола Димитров

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Италија четворица фратари заразени со Ковид-19, се бараат верниците кои биле на исповед

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk