„Срамни се барањата на одредени бизнисмени и економисти, државата да ги покриела платите за вработените кои се принудени да седат дома поради корона-кризава.“, пишува Бранимир Јовановиќ, активист и советник на поранешниот министерот за финансии Драган Тевдовски.
Јовановиќ вели дека фирмите во оваа држава остваруваат вкупна добивка од 5,3 милијарди евра. Тоа е многу повеќе и од вкупните плати на работниците (3,5 милијарди евра) и од државниот буџет (3,9 милијарди).
„Во овие времиња треба сите да се потрудиме да го дадеме својот придонес кон општото добро, а не да бидеме алчни и да гледаме да профитираме.“ апелира Јовановиќ преку својот фејсбук профил.