– Нашата политика се базира на 5 столбови. Еден од столбовите ги тангира прашањата во делот на економијата. За две и пол години успеавме да отвориме 67 000 нови работни места без да се бришат од евиденција, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, туку со точно отворање на нови работни места и создавање на услови. Ќе создадеме услови во наредните четири години да се отворат 100 000 работни места. Невработеноста што сега ја намаливме на 16, 6% во наредниот период ќе ја намалиме на 8% и платите ќе продолжат да растат, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вчерашното гостување во Топ Тема, на Телма.







