ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза: Северџанија мора да биде казнета. Ова што се случува е дар божји

На социјалните мрежи можат да се сретнат навистина секакви коментари, но некои од нив кои експлицитно и недвосмислено се говор на омраза, колку тоа и да не ни се допаѓа, мора да се третираат и да се обрнува посебно внимание на нив, со цел да не се повторуваат

March 14, 2020 15:26
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Корона вирусот не препознава етникум, вера, политичка, партиска и каква и да е друга припадност. Но што е со глупоста, што е со говорот на омразата? Препознава ли говорот на омраза, вера, раса, етникум, партија, или која и да е друга припадност?

Додека сите надлежни во државата со сите сили се обидуваат соодветно да реагираат на ситуацијата, кога конечно се наѕира барем кај нормалните медиуми коректно информирање, со цел да се обрне сериозно внимание на Корона кризата, но и да не се создаде паника, има поединци кои преку експлицитен говор на омраза се обидуваат партиски да поентираат.

На што се обидуваат да поентираат?

На социјалните мрежи можат да се распознаат навистина секакви коментари, но некои од нив кои се недвосмислен говор на омраза, колку тоа и да не ни се допаѓа, мора да се третираат и да се обрнува посебно внимание на нив со цел да не се повторуваат.

Во овој случај, се работи за коментарот на извесен Игор Механџијски.

На Фејсбук страна од една од националните телевизии денес можеше да се прочита следниот негов коментар:

„Северџанија мора да биде казнета за гревот што го направи кон сите починати и живи борци за независна и слободна Македонија. Ова што се случува е дар божји.“, напиша извесниот Игор Механџијски

И во вакви чувствителни моменти извесниот Игор, не бира јазик и време за да си ги олесни своите партиски фрустрации.

Ќе речете зошто партиски?

Од она што може да се забележи на неговиот Фејсбук профил, тој е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ (на неговата профилна фотографија има „рамка“ со изборниот слоган од ВМРО-ДПМНЕ. Тој се претставува и како основач на организацијата „Македонски национален Совет“, која делува во Германија. Од фотографиите на неговиот профил кои се јавно објавени, се гледа дека е близок со бившиот хашки затвореник и сегашен кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.

И отприлика, тоа е таа матрица која постојано се повторува и тоа се тие слогани зад кои се крие говорот на омраза – Никогаш Северна, три прста, Македонија вечна итн.

ГОВОР НА ОМРАЗА и тоа онака – намерно и без трошка на покајание пишан во коментар под пост на профил од национална телевизија кој ќе го видат илијадници луѓе.

Добро е тоа што буквално сите десетици реплицирања на тој коментар беа во насока на осуда на таквиот говор на омраза, но лузните кои ваквиот говор на омраза ги остава на секој здраворазумен човек, особено кога тоа се случува во вакви сензитивни моменти, во моментите кога цела држава се обидува да се обедини и да најде соодветно решение за корона-кризата, која во другите држави зема веќе „данок во крв“, навистина нема така лесно да избледат, или поточно, овие лузни не смеат така лесно да се занемарат и заборават.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk