Забраната за влез и излез од Дебар и Центар Жупа остави заглавени стотина лица, главно од гостварскиот регион и подрачјето на Река,општина Маврово и Ростуше.
Станува збор, главно за занаетчиски работници- монтери, но и лица кои биле во посета на свои роднини пријатели.
– Дел од нив ноќта ја минаа кај своите роднини и пријатели, а дел беа сместени во хотелски капацитети. За сите нив треба да помине потребната процедура, велат од Оперативниот штаб на Дебар.
Инаку, во текот на ноќта повторно е извршена дезинфекција на деловите на градот,кои се жаришта на вирусот а редовно се мијат улиците низ градот.
Од вчера попладне поставени се полициски пунктови на излезот кон Маврово и кон Струга,односно кај месноста Бошков Мост и кај Хидроелектраната „Шпилје”, потоа на Мелнички Мост на влезот кон Центар Жупа и кај ХЕ„Глобочица” на излезот од оваа општина кон Струга.